Поранешниот член на ДИК, Александар Даштески вели дека предвремените избори во Македонија треба да се одржат на 24-ти април.Во изјава за ТВ Нова тој вели дека нема можност да не се испочитува овој датум без разлика на изјавите на СДСМ или меѓународната заедница.
-Веќе е донесена одлука за распуштање на Собранието. Нема можност датумот да се смени, затоа што за тоа треба да се смени изборниот законик каде во повеќе одредби го пишува 24-ти април како датум за избори. За да се изгласаат овие измени е потребно двотретинско мнозинство во Собранието, а треба да се води и дебата. За мене останува извесно дека изборите ќе се одржат на 24-ти април без разлика што опозиција не сака да излезе. Има време доколку има разум кај партиите да се разговара и да се решат прашањата до 24-ти април и да се одржат изборите, рече Даштески.Во изјава за ТВ Нова тој вели дека нема можност да не се испочитува овој датум без разлика на изјавите на СДСМ или меѓународната заедница.