Aмериканскиот помошник државен секретар за европски и евроазиски прашања, Викторија Нуланд ја заврши посетата во земјава. Нуланд рече дека го напушта Скопје охрабрена од денешните разговори и со впечаток дека политичките лидери имаат волја да постигнат компромис за излез од кризата и имаат одлични предлози како тоа да се случи следните денови.На што се темели оптимизмот на Нуланд? ТВ Нова на оваа тема зборуваше со универзитетскиот професор, Александар Даштески.
„Не видов некој посебен оптимизам, меѓутоа мислам дека се темели на тоа што тие цело време беа поддржувачи на договорот од Пржино, па сакаат она што го договориле таму да се оствари. Сметам дека ќе се изврши притисок врз политичките партии да се заврши процесот, а се знае дека истиот се завршува со одржување на предвремени парламентарни избори што беше и договорено, но два пати одложено поради опозицијата“, вели Даштески.
Тој зборуваше и за барањата на опозицијата, нарекувајќи ги беспредметни.
„Причините сега се беспредметни. Се бара прочистување на избирачкиот список и уредување на законот за медиумите, а тоа веќе не држи вода зашто не постојат фантомски гласачи. Сметам дека ова веќе не е причина, меѓутоа видовме дека и во денешните разговори СДСМ остана на истите барања, ДУИ се спротивстави, а понудата на ВМРО уште пред доаѓањето на Нуланд беше овозможување на избори кога и да сакаат другите политички субјекти. Сметам дека анкетите уште покажуваат лоши рејтинзи на СДСМ и тие имаат страв од излегување на изборите“, потенцира Даштевски.
Тој додаде дека граѓаните повеќе немаат трпение за политичката криза.
„Шарена револуција пропадна, а неизлегувањето на протести се претвори во дивеење и фарбање, што го осудија сите граѓани на Република Македонија“, истакна професорот.На што се темели оптимизмот на Нуланд? ТВ Нова на оваа тема зборуваше со универзитетскиот професор, Александар Даштески.
„Не вид