Дали Заев мисли дека ќе остане се вака? Дека нема да се сменат работите во политиката и дека вечно ќе владее? Дека ВМРО ќе му заборави и нема да врати со дебела камата ако оди со политички и партиски освети? Дали и оние “коконите” од СЈО мислат дека народот ќе ја врати силата на ВМРО, и ВМРО ќе се врати на власт? Дали мислат дека за сите неправди, лаги, конструкции, политички монтировки, уништувања животи и семејства ќе останат без одговор? Дали се свесни дека трите илјади евра кои ги јадат и пијат секој месец со цел политички па и човечки да линчуваат луѓе и цела една партија ќе се заборават? Јас како независен аналитичар, како човек кој отстрана ги следи и набљудува политичките процеси, и во историјата и денес, знам дека брзо ќе се сменат нештата, и ВМРО на реваншизмот ќе одговори со двоен реваншизам, пишува на својот ФБ профил универзитетскиот професор Александар Даштевски.„Што бараат, ќе си добијат! Така се залета СДС во 2002-2005-та. Мислеа дека тие што ќе ги елиминираат нема да можат да вратат бидејќи доволно ќе ги искомпромитираат. И навистина, не врати ни Ламбе, ни Војо, ни Никола Тасев, ни онаа жената од Гевгелија која ја притвораа за ништо, не врати ни Љубчо. Но со дебела камата врати новиот тим на ВМРО, и тоа со факти, аргументи и докази. А такви докази со кои ќе враќаат за дел од СДС има уште сега, и нема да застарат. И којзнае уште колку ќе ги има откако ќе почнат да работат во владата. Нема да им помогне што новиот обвинител ќе им ги затвори започнатите истраги. Ќе дојде нов и ќе ги отвори. Тој што оди на политичко осветеништво треба да е спремен дека тоа ќе му се врати, само време е во прашање“, пишува Даштевски.
Тој додава дека ова не треба да се сфати дека е потребен принцип на неказнивост, но, политички прогон без докази, со притисок на судот што е веќе очигледно, преку политичко партиско СЈО ќе предизвика исто такво по некоја година.
„Не разбирам како Заев планира да владее во една ваква атмосфера во која ВМРО ќе биде максимално мобилизирана за континуирана борба. Ќе им помине мандатот со хајки, и ништо нема друго сериозно да направат. Овие десетина, петнаесет мерки што ги најавуваат се ситни и нема да го задоволат народот. Такви мерки ВМРО имаше илјада. Водејќи хајки ќе завршат во хајка сплетена од самите нив. Мислам дека СДСМ и Заев не се свесни што ги чека кога ќе влезат во владата. Колку проблеми ги чекаат, колку тешки одлуки, колку големи очекувања има, и со право, бидејќи ветувањата беа големи. Планот да се вадат на претходната власт по 26 години искуство и демократија нема да поминат па макар Заеви да купат 24 медиуми. Брзо ќе се соочат со многуте сопствени намерни и ненамерни грешки. Сега се уште во кампања. Не излегоа од тој филм. Набрзо ќе се соочат со реалноста и со сопствениот капацитет за водење држава. Сите оние кои сега охрабрени од надворешната интервенција за носење на ВМРО во опозиција, а СДС на власт плукаат по ВМРО, многу брзо ќе се срамат од тоа што сега го зборуваат и прават. Странците ќе ги исполнат своите цели и ќе се фокусираат на други нивни цели на други места. Ние ќе останеме тука и ќе бидеме сведоци на последиците од владеењето со хајки, и надворешни диктати“, напиша Даштевски.„Што бараат, ќе си добијат! Така се залета СДС во 2002-2005-та. Мислеа дека тие што ќе ги елиминираат нема да можат да вратат бидејќи доволно
Пронајдете не на следниве мрежи: