ВМРО-ДПМНЕ одамна се откажа од дневните политики, од тоа да зборуваат лошо и со негативна енергија, но тоа не е случај со опозицијата која постојано прави одредени провокации. Се вратија министрите од опозицијата во министерствата и повторно продолжи истото, дополнителниот заменик министер Љупчо Николовски постојано излегува со негативна кампања, кажа политичкиот аналитичар Александар Даштевски при своето гостување во вестите на ТВ Нова.-Тие не кажуваат што ќе направат, а граѓаните го ценат и го гледаат тоа, па затоа и не сакаат да ги поддржат. Македонија треба да оди напред, не треба да се занимаваме веќе со негативни политики кои се веќе минато во нашата земја. Зарем треба да се вратиме на нешто што е негативно, наместо да одиме напред кон подобрување на целокупната економска ситуација, смета Даштевски.
Според политичкиот аналитичар Александар Даштевски, во моментов најважно е да се одржат претстојните избори закажани за 11 декември:
– Најважно е сега да се одржат изборите, да не се одложат повторно бидејќи ако вие сте продуцирале некоја криза за да дојдете до одредени резултати, тоа не може вечно да трае. Гледаме дека овие резултати се резултатите што ги имаше владејачката партија и пред изборите во 2014 година, истакна Даштевски.
Даштевски при гостување во вестите на ТВ Нова додава дека негативните кампањи на СДСМ се причина за слабиот рејтинг на последната анкета на „Павел Шатев“:
– Доколку продолжат со тие политики, на пример за учење на албанскиот јазик на целата територија и федерализација, тоа ги навредува македонските и албанските граѓани. Мислам дека тие негативни политики доведуваат до овие рејтинзи, а ќе доведат и до пораз на изборите доколку се продолжи со таква политика, додаде Даштевски во вестите на Нова.-Тие не кажуваат што ќе направат, а граѓаните го ценат и го гледаат тоа, па затоа и не сакаат да ги поддржат. Македонија треба да оди напред, не тр