Јасно е зошто опозицијата го бараше МВР, затоа што е направена изборна измама, обвини аналитичарот Александар Даштевски во вестите на ТВ Нова.– Се бараше МВР, а сега и гледаме зошто, затоа што началници поставени од Министерот за внатрешни работи, јавно лобирале за граѓаните да го дадат својот глас за СДСМ со што е направена изборна измама, како што кажаа од Обвинителството за организиран криминал, обезбедени се цврсти докази во кој се гледа дека е направен изборен фалсификат, појасни Даштевски.
Во однос на одлуката на ДИК тој додаде дека СДСМ сака им ја оспори изборната волја на граѓаните.
– Обично едната страна која нешто добива е задоволна, а друга е незадоволна или обратно, меѓутоа знаеме дека на оваа одлука и претходеа тродневни деноноќни протести, затоа што сакаше да се одземе изборната волја на граѓаните, но ќе видиме дали ќе успеат. Сметам дека тоа е завршена работа, веројатно резултатот ќе остане ист, смета Даштевски.
Во интервјуто тој говореше и за албанскиот блок и истакна дека ДУИ направиле грешка со самото тоа што не успеале да предвидат колку гласови ќе им земе СДСМ со влегувањето на Мухамед Зекири во нивните редови.
– Имено, ова што се случува деновиве и што се нарекува постизборен инжињеринг е резултат на тоа што се случуваше година дена. Мухамед Зекири даде отставка не кажуваше зошто го направи тоа, а во меѓувреме го подготвуваше теренот, по што се приклучи кон СДСМ. Тоа беше договорено, не знам на ДУИ како успеа да им се провлече прогнозата дека дел од албанското население ќе гласа за СДСМ. Малку фалеше за ДУИ да го загуби примотот на најголема партија од албанскиот блок во Македонија и да не можат да да влезат во Владата. Тука е и БЕСА која ја оспорува нивната победа на неколку места, додаде Даштевски.– Се бараше МВР, а сега и гледаме зошто, затоа што началници поставени од Министерот за внатрешни работи, јавно лобирале за граѓаните да го д