Без јасен концепт, но и реална економска и политичка понуда, социјалдемократите и лидерот Зоран Заев во континуитет посегнуваат по прашања кои се од највисок национален интерес, сметаат експертите. Аналитичарот Александар Даштевски вели дека реториката на Заев за двојазична Македонија и редефинирање на државата би била подгревање на меѓуетничките страсти кои би можеле подолго да држат тензија…-Заев во Швајцарија рече дека рамковниот договор повторно ќе се отвора што би било погубно, трагично за Македонија, изјави Даштевски.
Според експертите прашањето за воведување двојазичност на целата територија на Македонија и рекомпонирање на државата опозицискиот лидер во неколку наврати го најави и пред изборната кампања. Тој нагласи дека ако е потребно ќе се промени и Уставот со цел за да се воведе т.н. граѓански концепт за кој се залагаат. Заев и пред албанската дијаспора во Швајцарија отворено говореше за еднаквоста при употреба на јазиците и истакна дека Рамковниот не бил доволен и требало да се напуштат рамките.
-Јас сум истиот Зоран Заев, кој што ја отвори јавно употребата на јазиците во Македонија и еднаквоста и рамноправноста во државата…
Иако од СДСМ тврдат дека станува збор за погрешно интерпретирани изјави Заев во изминатиот период истите ставови ги повтори на неколку места. Пред настапот на една албанска телевизија и оној пред албанската дијаспора во Берн, лидерот на опозицијата и во интервју за портал најави дека во борбата за глас повеќе од Албанците е подготвен албанскиот јазик да стане официјален јазик во сите градови на Македонија. Призна дека со воведување на двојазичност смета на албанските гласови.
-Сметам на албанските гласови за СДСМ, за коалицијата предводена од СДСМ, без разлика дали ние ќе имаме коалиција со албански партии или не. Јас сметам на албански гласови во овој процес на избори пред кој што сме исправени и очекувам СДСМ да добие најмногу албански гласови, па после некој друга политичка партија од албанскиот блок и имаме сите причини на светот тоа така да се случи, рече Заев.
Прашањето за албанскиот јазик Заев го отвори уште во 2015-та година. При гостувањето во една косовска телевизија ветуваше албански јазик во градинките, основните и средните училишта.
Покрај изјавите за двојазичност, лидерот на СДСМ во 2010 година од трибина во Валандово истакна дека за нив е прифатливо и име со географска одредница во однос на грчко-македонскиот спор, а многу прашина во јавноста крена и ставот на Заев дека за името треба да се „свитка кичмата“.
-Ставот на СДСМ е многу јасен. За нас е прифатливо име со географска одредница, рече Заев.
Тргувањето на СДСМ и Заев со националните интереси не е ново, велат дел од експертите, но од година во година она што се става како понуда од социјалдемократите носи се поголем ризик за македонските национални интереси.-Заев во Швајцарија рече дека рамковниот договор повторно ќе се отвора што би било погубно, трагично за Македонија, изјави Даштевски.
Споре