вторник, 24 ноември 2026
Најново

Даут Динарица, еден од напаѓачите во Пасатот, е прв братучед со убиецот на полицајците во Арачиново

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Еден од лицата со дебело криминално досие, кој во петокот навечер го бркал Диме Спасов по скопските улици, е близок роднина со арачиновец осуден за убиство на полицајци, пишува Нетпрес.Имено, според информации до кои дојде Нетпрес, Даут Динарица е прв братучед со Лирим Динарица, осуден во случајот со убиството на тројцата полицајци на влезот на скопското село Арачиново во јануари 2000-та година.
Таткото на Даут Динарица, кој го бркаше Диме Спасов и вчера излезе во одбрана на Оливер Спасовски, Рамадан Динарица, е брат со Хамза Динарица, кој пак е татко на Лирим Динарица, велат извори на порталот.
Лирим Динарица беше првообвинет за убиството, кое се случи вечерта на 11 јануари, на полицајците Кирил Петрушевски (23), Ерол Готак (27) и Ацо Ангеловски (26).
Според обвинението, во тројцата полицајци пукале со автоматски пушки и со пиштол, по што со неколку автомобили веднаш побегнале од местото на злосторството.
Во текот на истрагата уапсени и притворени беа повеќе лица. За време на истражната постапка Лирим Динарица го признал убиството, но потоа во текот на судењето го повлекол својот исказ.
Осудени на затворски казни беа Лирим Динарица, Рамиз Асани, Муча Бајрами, Башким Асани, Агим Асани, Наим Асани и Емрула Емрулај.
Имено, според информации до кои дојде Нетпрес, Даут Динарица е прв братучед со Лирим Динарица, осуден во случајот со убиството на тројцата полицајц

Поврзани вести