Од 750 европарламентарци, 226 се на списокот луѓе на Сорос кои тој ги смета за лојални и кои лесно би се свртеле против националните држави и гласачите. Станува збор за членови на организациите ГОНГ, Платформа 112 и Центарот за мировни студии.Овој податок протече од хакираните документи на Сорос, а како „докажани сојузници“ на Соросовата фондација се Биљана Борзан, Тонино Пицула, Јозо Радош, Иван Јаковчиќ и Давор Шкрлец.
Организациите на Сорос заговараат „транспарентност“ во политиката, но самите делуваат нетранспарентно и се служат со заговор и валкани методи со кои на власт би се довеле лојални луѓе.
Во хакираните документи од архивата на Сорос се најде и извештај на ГОНГ, кој по изборите за Европскиот парламент во 2014 година беше пратен до главната организација „Отворено општетсво“.
Во него стои дека се задоволни и отворено наведуваат кои кандидати ги поддржуваат, а кои не, но и даваат кратка биографија и проценки на оние коишто влегле во парламентот. Посебно се против Маријана Петир и Ружа Томашиќ.
ГОНГ во Хрватска отсекогаш се претставувале како неутрална организација, но според хакираниот документ се прикажува нивната пристрасност – станува збор за организација чија лојалност е свртена кон надворешен центар за моќ и кој преку нив ги остварува интересите во Хрватска, преку корумпирање на демократските процеси во корист на лицата блиски до Сорос.
ХДЗ не е меѓу фаворитите на Сорос, но вреди да се спомне дека творец на економската програма на оваа партија е Ханс Вернер Син, еден од најдобрите и највлијателни европски експерти за економија. Тој често влегувал во полемики со Сорос. Тоа би можело да упатува на поврзаност меѓу нив, но само во спротиставени мислења.
Во актуелните „DC Leaks“ се открива дека Сорос не е само „кројач на Хрватска“, туку и „кројач на ЕУ“. И неговиот син Алекс продолжува по неговите стапки, а на негова страна е и претседателскиот кандидат Хилари Клинтон.
Во секој случај, влијанието на Сорос и неговите идеи е поголемо отколку што повеќето луѓе сакаат да признаат. Тоа влијание е антидемократско бидејќи следи наметнување на еден став како единствено исправен, но и едноумие околу битни општествени прашања, со демократија како фасада. Политиката што Сорос ја крои оди на штета на народните маси, а во корист на елитата.
Објавените документи на Сорос покажуваат дека она што неодамна бројни аналитичари го нарекуваа „теорија на заговор“, не е никаква теорија, туку едноставно – реална политика.Овој податок протече од хакираните документи на Сорос, а како „докажани сојузници“ на Соросовата фондација се Биљана Борзан, Тонино Пиц