Заврши акцијата на ЕЛЕМ за чистење на отпадот од Дебарско Езеро со што е спречена еколошката катастрофа што му се закануваше на езерото. На површинските води и брегот на Дебарско Езеро, во делот од Косоврашки до Мелнички мост, повеќе го нема големиот отпад што по дождовите го донесоа надојдените реки Радика и Црн Дрим и нивните притоки.– Вработени од Хидроенергетскиот систем (ХЕС) „Црн Дрим“, кој ги опфаќа хидроелектраните „Шпилје“ и „Глобочица“ во изминатите две недели беа максимално ангажирани во правец да се спречи еколошката катастрофа која му се закануваше на езерото, во што и успеаа иако тоа не е обврска на ЕЛЕМ. И оваа, како и акциите спроведени изминатите години, се во рамките на техничките можности и грижата на ЕЛЕМ да се има чиста езерска вода и околина, изјави Тони Маркоски, директор на ХЕС „Црн Дрим“.
Според Маркоски, собрани се и транспортирани во дебарската депонија околу илјада вреќи отпад, пред се пластичен, потоа многу стари апарати за домаќинство ,како и над 230 метри кубни дрвен отпад.
Од компанијата апелираат до жителите од регионот на општините Дебар и Центар Жупа и подрачјето на Река, каде минува Радика, да не фрлаат отпад насекаде, туку да водат поголема грижа за заштитата на животната средина.– Вработени од Хидроенергетскиот систем (ХЕС) „Црн Дрим“, кој ги опфаќа хидроелектраните „Шпилје“ и „Глобочица&