Дебата „Македонските и светски предизвици во управувањето со отпадот“

На ден 14-ти септември, 2015 г. беше одржана јавна дебата по повод предизвиците со отпадот на Охрид и Македонија, но и успешните примери на управување со отпадот.Презентација на Асоцијацијата Ајде Македонија, тековните и идни активности и мобилизацијата за националната акција на 3-ти октомври. (www.ajdemakedonija.mk)
ВОВЕД
Вовед во дебатата даде Блаже Јосифовски, поздравувајки ги присутните и потенцирајќи го значењето на учеството на пошироката јавност и сите чинители во оваа дебата и заклучоците кои ќе произлезат. Со оваа Јавна дебата се најавија низа настани кои следат со цел да се мобилизираат граѓаните, граѓанските организации, локалните самоуправи и компаниите во создавањето на првиот е-регистар на нелегален отпад во Македонија и постигнување на масовност на 3-ти октомври (националната акција). Воедно, во дискусијата е планирано да се детектираат локалните проблеми во управувањето со отпадот и се нудат решенија.
ГОВОРНИЦИ
Во дебата зборуваше активист од Естонија, кој го прикажа искуството на неговата земја и движењето “Let’s do it”, кое направило Естонија да биде исчистена од 50 000 волонтери за 5 часа. Масовноста на акцијата и отпадот кој бил собран довел до експресно подигнување на свеста кај граѓаните и локациите кои биле исчистени повторно не биле загадени.
Познатата алпинистка и активист за чиста животна средина, Илина Арсова ја истакна важноста од сите чинители максимално да се вклучат во зачувување на природата во Охрид и регионот. Таа го истана големиот проблем со отпадот со кои се соочува Охрид и околината, потенцираше дека потребни се дополнителни инвестиции во Јавното претпријатие Комуналец кое треба да се доекипира, да се подобри возниот парк, но и вложување во инфраструктура за селектирање на отпадот.
Таа дополни дека ситуацијата со еко системот во регионот дополнително ќе се влоши со новите предвидени проекти (изградба на експресен пат до Охридското Езеро, скијачкиот центар итн., кои според неа ќе допринесат за уништување на природните реткости и само ќе ги одвратат туристите да уживаат во реткостите на региониот.
Локалниот активист и екологист, Ѓоко Зороски, искажа радост и оптимизам за ваквите дебати чија крајна цел е, пред се, заштитата на човековата околина. Уште апелираше до сите учесници за повеќе акции кои ке доведат до опипливи резултати. Воедно, посочи многубројни локации во регионот кои имаат голем проблем со отпадот, чии последици влијаат врз Охридското Езеро и неговиот еко систем. Како пример за проблем беше посочено уништувањето на трски на потегот кај Калишта во Струга, каде градежниот отпад се истура во езерото каде се наоѓа трската и се прават паркинзи за автомобили. Но, од многу бројните примери кои тој ги посочи може да се заклучи дека е потребна едукација на локалното население за последиците од нивното делување, но и поставување на инфраструктура за собирање на отпадот.
После освртите на говорниците, Блаже Јосифовски, дополни со примери од скандинавски земји, но и земји како Словенија, кои со својата свеснот и начинот на кои управуваат со отпадот треба да бидат пример за сите нас и патот по кој треба да се движиме.
ДИСКУСИЈА
Во дискусијата се вклучија граѓански активисти, менаџери на компании од отпадната индустрија, но и ученици. Заклучоците кои се предложуваат на локалните самоуправи во регионот, но и во Македонија (бидејќи истите проблеми се посочуваат во целата земја) се:
– Воведување еко кауција при купување на пластични шишиња и парите да се слеваат во независни фондови од каде ќе се обезбедуваат средства за проекти за подобрување на системот за управување со отпадот
– Повторно користење на пловен багер во Охридското Езеро
– Решавање на проблемот со медицинскиот отпад во Охрид (нелегалните отпадните локации и неуспешниот систем за собирање)
– Редовни инспекции на угостителските капацитети за искоренувањето на т.н. дива берза на отпадни масла (зејтин и др.) кои завршуваат на живинарски фарми
– Искоренување на појавата на продажба на искористени моторни масла за палење на нивите
– Организирање на систем за селектирање, собирање и откуп на употребливиот отпад во регионот
– Обезбедување на средства за зголемување на продуктивноста со набавка на потребна опрема за селекција на отпадот на Јавните претпријатија во регионот
Организаторите веруваат дека ваквиот тип на активности ќе помогне за зголемување на свеста кај граѓаните за огромиот проблем со кои се соочуваме и кои влијае негативноста на квалитетот на живот.
Оваа објава може да ја најдете на ajdemakedonija.mk/newsПрезентација на Асоцијацијата Ајде Македонија, тековните и идни активности и мобилизацијата за националната ак

Пронајдете не на следниве мрежи: