На јавна дебата денеска беше презентирана предлог-концепцијата за реформата на техничкото образование која се подготвува неколку години и за која Министерството за образование и наука склучи договор со меѓународен конзорциум од Италија и Турција и експерти од Обединетото Кралство кои имаат богато искуство во реформирање на стручното образование.Заменик-министерот за образование и наука Спиро Ристовски истакна дека се работи за една од најзначајните реформи во образованиот систем од која се очекува зголемување на компатибилноста на вештините со кои учениците од средно образование ќе ја завршуваат својата едукација, а притоа ќе може да одговорат на потребите на компаниите од реалниот сектор, пред се домашните, но и на потребите на странските инвеститори.
– Досега се реформирани 111 наставни програми од двегодишното и тригодишното средно стручно образование, за коишто веќе е распишан јавен повик за набавка на нови учебници по новите наставни програми. Истовремено продолжуваме со реформа на четиригодишното средно стручно образование, при што се очекува во текот на следната година да бидат готови изменетите наставни програми за прва година средно стручно од четиригодишното образование, а ќе се продолжи и со реформите во другите години. Станува збор за крупна, значајна реформа, која може да даде исклучителен напредок на Република Македонија затоа што со поддршка на потребите на пазарот на трудот, проодноста по завршување на средното стручно образование се очекува да се зголеми на повисоко ниво, изјави Ристовски.
Концепцијата се темели на детаљна анализа на профилите за двегодишно и за тригодишно образование. За оние за кои ќе се констатира дека немаат веќе применливост, со оглед на развиената технологија денес во однос на времето од пред неколку децении, се предлага некои да бидат укинати, а некои да се приспособат и модифицираат на современите услови. Засега не е прецизиран бројот на струки/профили кои ќе бидат укинати.
Покрај реформата на наставните програми и учебниците, предвидена е и нова опрема во средните стручни училишта каде што, во поголем број од нив, како што посочи Ристовски, не била со години набавена или променета.
Директорките на Бирото за развој на образованието и на Центарот за стручно образование и обука, Весна Хорватовиќ и Ајше Селмани, очекуваат дека денешната јавна презентација на концепцијата ќе им овозможи да слушнат стручни коментари од што ќе произлезе добар документ како основа за реформирањето на овој вид образование.
Хорватовиќ рече дека е договорено општообразовните предмети, за кои е надлежно Бирото за развој на образованието, да бидат застапени околу 45 проценти, а стручните предмети 55 отсто, сооднос кој, рече таа, е добро избалансиран.
– Тоа е една добро избалансирана состојба на наставните предмети кои предвидуваат учениците со завршувањето на средното стручно обазование да може да бидат активни баратели на пазарот на трудот, додаде Хорватовиќ.
Директорката на Центарот за средно стручно образование Селмани смета дека направиле добра концепција и дека по сугестиите од засегнатите страни ќе ја добијат и нејзината конечна верзија.
– Таа ќе овозможи стручното образование да биде модернизирано, да биде поприфатливо за пазарот на трудот и за иновациите во нашата држава и да овозможи работни места за новите генерации, изјави Селмани.
На јавната дебата учествуваа членовите на работната група што ја подготвија концепцијата, експерти од европски земји кои имаат искуства во реформирањето на стручното образование, директори на средните стручни училишта, претставници од стопанските комори и од Агенцијата за вработување.Заменик-министерот за образование и наука Спиро Ристовски истакна дека се работи за една од најзначајните реформи во образованиот систем од која се