На ист начин како што се гледаше на мастите во храната во 80-те и 90-те години на минатиот век, така денес се гледа на јаглехидратите – како на главни виновници за насобирање на вишок килограми и причина заради која не можеме да имаме витка линија.
Многу веројатно е дека сè повторно ќе отиде во круг, па така на ред ќе дојде домашната масна храна која ќе ја обвинуваме за проблеми со килограмите. Но, дали јаглехидратите се тие што дебелеат? Или сепак се виновни мастите?
Јаглехидратите се достапни на секој чекор, по ефтини цени и во големи количини. Згора на сè, тие се и многу вкусни. И додека можеби мислите дека сите јаглехидрати автоматски завршуваат во вашите масни наслаги откако ќе ги изедете, тоа всушност и не е баш така. Организмот ги користи јаглехидратите за создавање на енергија, што е всушност нивната основна и важна улога.
Проблемот е во тоа што многу е лесно да се премине внесот кој е доволен за дневните потреби за енергија, токму затоа што се вкусни, исклучително достапни и го сочинуваат поголемиот дел од речиси секој оброк кој ќе го изедете надвор од домот или, пак, на семејната вечера.
Исто така, соковите, газираните пијалаци и останатите калорични напитоци содржат големи количини на едноставни јаглехидрати, а со таквите течни калории најлесно е да се претера, бидејќи телото не го забележува внесот на калории низ течностите исто како и низ храната, заради што не сигнализира ситост.
Причината заради која се дебелеете е прекумерниот внес на калории, кои ги надминуваат вашите дневни потреби, па организмот нив ги складира во облик на масни ткива, а ова со јаглехидратите лесно се постигнува, бидејќи сите оние кои не ги искористуваме за енергија се претвораат во масти, а оттаму и во масни наслаги.
Значи, за прекумерната телесна тежина не се виновни јаглехидратите, ниту мастите, а всушност ниту еден нутриент посебно, туку збирната количина на калории која ја внесуваме. Доколку јадеме повеќе отколку што трошиме – ќе се здебелиме.
Со оглед на тоа дека е лесно да се претера со јаглехидратите, внимавајте да го урамнотежите вашиот внес на калории или да го намалите доколку сакате да ослабете, така што од исхраната ќе ги исфрлите рафинираните јаглехидрати кои не се богати со влакна, витамини и минерали, како и да водите сметка за тоа умерено да ги распоредите во оброците.
Важно е да знаете дека јаглехидратите не се главните виновници заради кои се дебелееме, заради што нема на сите исто да им одговараат диетите кои вклучуваат значајно намален внес на истите. Затоа, важно е знаете подобро е да започнете со умерено дозирање на јаглехидратите отколку во потполност да ги избегнувате.
Пронајдете не на следниве мрежи: