„Деца, за вас нема пакетчиња бидејќи вашиот татко е мртов…“

Љубиша(10), Анѓела (9) и Јана (3), децата на рударот Жељко Милетиќ, кој минатата година настрада во рудникот „Рембас“ во Ресавица, не добиле новогодишни пакетиња од фирмата во која работел нивниот татко. За да биде уште полошо од синдикатот „Независност“ на нивната мајка Вера Лазиќ рекле дека децата немаат параво на пакетчиња бидејќи татко им е мртов.„Ме побара Млаѓа од синдикатот 10 дена пред Нова година и ме праша кога да им донесат пакетчиња на децата. се договоривме да дојдат помеѓу 25 и 27 декември. Неколу дена пред Нова година го побарав да го прашам кога ќе ги добијам дрвата за огрев кои мојот покоен сопруг ги плати, и тогаш тој ми рече дека за жал, децата нема да добијат подароци. Рече дека тие не се должни да им дадат пакетчиња на децата бидејќи татко им починал и дека повеќе немаат ништо со тоа. вети дека ќе види дали може да собере за пакетчиња, па да им донесат за Божиќ“, вели Вера и додава дека ова страшно ја погодило неа и децата.„Тоа беше голем удар за мене. Сакав да умрам. Мислам дека мојот покоен сопруг се превртува во гробот. навистина е големо безобразие да им одземат пакетчиња на сирачиња. Децата почнаа да плачат, па отидов во продавница и им купив подароци.“

Децата добиле подароци од бабата и од општината Свилајнац.„Им накитив елка во станот кој привремено го користиме додека не ни биде готова куќата. Многу се израдуваа на играчките кои ги добија од општината. но неколку дена претходно сите плачевме кога Анѓела за својот роденден на 25 декември рече: 'Мојот татко секоја година доаѓаше и носеше подароци'“, вели Вера, која со децата се уште не може да се всели во новата куќа бидејќи „Електродистрибуција“ не сака да ја приклучи струјата додека хуманитарната организација „Хелп“ не плати за приклучокот за сите девет куќи кои ги изградила за гаѓаните чии куќи се уништени во поплавите во Свилајнац.„Ме побара Млаѓа од синдикатот 10 дена пред Нова година и ме праша кога да им донесат пакетчиња на децата. се договоривме да дојдат помеѓу 25

Пронајдете не на следниве мрежи: