Седумгодишниот Престон Флорес гореше во силен пламен. Тој итно беше пренесен во Абердинската кралевска детска болница и беше опериран, а подоцна со хеликоптер го префрлија на специјален оддел во болницата во Единбург каде се уште се бори за живот.Вчера околу два попладне, седумгодишниот Престон врескајќи дотрча кон својот дом во Абердин со запалена облека од вратот па надолу, само од едната страна на телото, објави Дејли Мејл.
Неговата братучетка тврди дека пред тоа си играл со другарите од улицата. Имено, тие се нашле на дофат на канистер полн со бензин, кој некако го извадија од багажникот на едно паркирано комбе. Неговата облека беше потопена во бензин и неговите другари (едно момче и едно девојче) го запалија. Соседите кои што се нашле во близина и кои го изгасија детето, велат дека им делувало како облеката да се „истопила и залепила за кожата.“
Несреќната мајка паднала во несвест штом ја слушнала оваа ужасна вест.
Пожарникарите и брзата помош пристигнале во рок од 3 минути, но малиот Престон веќе се здобил со тешки изгореници на површина од 80% од неговото тело.
Полицијата во меѓувреме ќе го испитува случајот и ќе треба да утврди дали овој немил настан е последица од детска игра која што тргнала наопаку, или пак детето било намерно запалено.Вчера околу два попладне, седумгодишниот Престон врескајќи дотрча кон својот дом во Абердин со запалена облека од вратот па надолу, само од едната