Денес мускулите во устата се атрофирани како резултат на секојдневната исхрана на процесирана храна, таканаречена „брза храна“, која е леплива, веќе сомелена и нема потреба да се џвака. Многу е модерно да се пие смути и блендирани сокови, кои, можеби, се здрави и полесни за консумирање, но не му помагаат на пациентот да ги развива мускулите во усната празнина, вели д-р МитеваСѐ почесто децата носат мобилни, а потоа и фиксни протези за да ги исправат искривените заби. Во минатото, помала била потребата за ортодонтски третмани затоа што луѓето ги користеле забите за џвакање. Денес децата заборавија да џвакаат. Деведесет отсто од децата дишат на уста и тоа, исто така, е проблем за забите.
– Ова посебно се однесува на децата што живеат во град. Дишењето на уста придонесува за неправилна поставеност на јазикот за време на спиење и поставеност на усните и со самото тоа, по пат на автоматизам забите се збиваат во неправилна поставеност – вели д-р Нина Митева, ортодонт.
Овој проблем со вилицата се решава со протези, но многу е важно навреме да се почне со ортодонтска терапија.
Која е причината што сѐ почесто децата мораат да носат протези, прво мобилни, а потоа и фиксни протези?
МИТЕВА: Се сменија стандардите. Порано стандардите за естетика и за општа здравствена состојба на луѓето беа пониски. Денес сите сакаат да имаат беспрекорна насмевка. Ако ги погледнеме списанијата и весниците пред 20 години и сега ќе забележиме разлика. Тогаш тие немаа совршени насмевки. Но, денес веќе не е така. Модерниот тренд на живеење бара совршена насмевка. Отсекогаш постоела потреба за ортодонтски третман, еднакво како што постои и денес. Но, свеста на луѓето е сменета и одговорноста на родителите е поголема отколку порано. Во минатото, помала била потребата за ортодонтски третмани затоа што луѓето ги користеле забите за џвакање. Јаделе сурова храна, храната ја џвакале, забите биле во функција и со џвакањето ги активирале сите мускули. Сега мускулите во устата се атрофирани како резултат на секојдневната исхрана на процесирана храна, таканаречена „брза храна“, која е леплива, веќе сомелена и нема потреба да се џвака. Многу е модерно да се пие смути и блендирани сокови, кои, можеби, се здрави и полесни за консумирање, но не му помагаат на пациентот да ги развива мускулите во усната празнина. Денес децата, едноставно, заборавија да џвакаат. Денес 90 отсто од децата дишат на уста и тоа, исто така, е проблем за забите. Ова посебно се однесува на децата што живеат во град. Дишењето на уста придонесува за неправилна поставеност на јазикот за време на спиење и поставеност на усните и со самото тоа, по пат на автоматизам забите се збиваат во една неправилна поставеност. Тука влијаат и штетните навики како што се грицкање нокти, пенкалца, моливи.
Кога првпат родителот треба да го однесе детето на преглед кај ортодонт?
МИТЕВА: Првата посета кај ортодонт треба да биде кога кај детето ќе никнат сите млечни заби, а тоа е некаде околу петтата година. Некогаш има потреба за ортодонтски преглед и кај три или четиригодишни деца. Во практиката сме се среќавале и со случаи каде што потреба за ортодонтски преглед постои и кај едногодишни деца.
Што опфаќа ортодонтскиот преглед?
МИТЕВА: Ортодонтскиот преглед се состои од надворешен преглед, а тоа подразбира како голта детето, се анализира неговиот говор, дали правилно го поставува јазикот кога изговара одредени букви, дали, можеби, ја грицка устата, цица прст, или цуцла. Кај интраоралниот преглед се анализа распоредот на забите, растот и развојот на вилиците, дали нешто недостига, дали има прекуброен заб. Ако има потреба, се зема отпечаток од горна и од долна вилица и се прават студио-модели, кои се излеваат во гипс и, според нашите ортодонтски мерења, донесуваме соодветен заклучок и план за натамошната терапија.
Кога се носат мобилни, а кога фиксни протези?
МИТЕВА: Мобилни протези се носат во моментот кога ќе се постави дијагноза дека детето има потреба од ортодонтска терапија. Таа секогаш почнува со мобилни протези. Најчесто тоа се деца до 12-годишна возраст. Ако детето е редовен пациент и е правилно третирано со мобилни, подвижни протези, тогаш многу често се случува терапијата да заврши успешно и да нема потреба од фиксни протези. Но, ако детето не соработува и ако третманот не е почнат навреме, тогаш потребата од ортодонтска терапија е неминовна. Дали ќе се направи на 12 години или во подоцнежните години, зависи од аномалијата. За тоа решава ортодонтот. Некогаш е потребно и да се почека, да дојде вистинското време и тогаш да се постави апаратот. Мобилните протези се носат додека не се постигне посакуваниот успех. Трајните, односно фиксните протези се носат во просек околу една и пол година.
Какви други видови протези постојат?
МИТЕВА: Постојат миофункционални протези, кои се замена за мобилните протези и ги исправаат забите на еден малку поинаков начин и се многу прифатливи за децата. Изработени се од силикон, меки се, немаат жици, ниту, пак, тврда пластика, која им пречи на непцето и дејствуваат во исправање на маните во повеќе правци. Дејствуваат на мускулите, на јазикот, на забите и на алвеоларните гребени. Со нив имаме голем успех во исправување на забите и многу се прифатени од страна на децата. Овие протези се носат навечер, додека детето спие и по три-четири часа во текот на денот. Постои и миофункционална терапија за возрасни, така што нема временска граница за нивно носење. Во ортодонцијата сите ни се пациенти – од една година до 77 години. Постојат и невидливи протези, кои се замена за фиксните протези. Тие се носат како една тенка фолија на забите на горната и на долната вилица. Пациентите ги носат 24 часа, а ги вадат само за јадење. Миофункционалните протези го тренираат и правилното дишење кај пациентите што ги носат.
На Запад постојат Академии за здрав сон. Здравиот сон подразбира правилно дишење. Растот и развојот на еден организам на едно дете зависи од дишењето. Дишењето треба правилно да биде низ нос. Ако детето дише на уста, во старт има недостиг од кислород во крвта. Тоа значи оксигенацијата на крвта во мозокот е со намален капацитет, затоа што дишењето низ уста не е во ред. Овие деца најчесто се сонливи, поуморни во текот на денот, немаат енергија, на училиште им се приспива, знаат да задремат на час. Во вакви ситуации, во комбинација со оториноларинголог, алерголог и ортодонтот треба да се реши случајот и да му се помогне на детето. Има многу такви пациенти денес. Се случува деветгодишни деца да имаат вилици на дете од четири години.
Дали е тренд носењето протези?
МИТЕВА: Денес се подигна нивото на свеста кај пациентите. Деведесет отсто од популацијата што е на возраст меѓу 50 и 60 години ги губи забите поради парадонтопатија. Тие немале навреме ортодонтски третман и кога пациентот е ортодонтски случај, а не бил лекуван, парадонтопатијата и губењето на здравите заби е неминовно.
Какви други видови протези постојат?
МИТЕВА: Постојат миофункционални протези, кои се замена за мобилните протези и ги исправаат забите на еден малку поинаков начин и се многу прифатливи за децата. Изработени се од силикон, меки се, немаат жици, ниту, пак, тврда пластика, која им пречи на непцето и дејствуваат во исправање на маните во повеќе правци. Дејствуваат на мускулите, на јазикот, на забите и на алвеоларните гребени. Со нив имаме голем успех во исправување на забите и многу се прифатени од страна на децата. Овие протези се носат навечер, додека детето спие и по три-четири часа во текот на денот. Постои и миофункционална терапија за возрасни, така што нема временска граница за нивно носење. Во ортодонцијата сите ни се пациенти – од една година до 77 години. Постојат и невидливи протези, кои се замена за фиксните протези. Тие се носат како една тенка фолија на забите на горната и на долната вилица. Пациентите ги носат 24 часа, а ги вадат само за јадење. Миофункционалните протези го тренираат и правилното дишење кај пациентите што ги носат.
На Запад постојат Академии за здрав сон. Здравиот сон подразбира правилно дишење. Растот и развојот на еден организам на едно дете зависи од дишењето. Дишењето треба правилно да биде низ нос. Ако детето дише на уста, во старт има недостиг од кислород во крвта. Тоа значи оксигенацијата на крвта во мозокот е со намален капацитет, затоа што дишењето низ уста не е во ред. Овие деца најчесто се сонливи, поуморни во текот на денот, немаат енергија, на училиште им се приспива, знаат да задремат на час. Во вакви ситуации, во комбинација со оториноларинголог, алерголог и ортодонтот треба да се реши случајот и да му се помогне на детето. Има многу такви пациенти денес. Се случува деветгодишни деца да имаат вилици на дете од четири години.
Дали е тренд носењето протези?
МИТЕВА: Денес се подигна нивото на свеста кај пациентите. Деведесет отсто од популацијата што е на возраст меѓу 50 и 60 години ги губи забите поради парадонтопатија. Тие немале навреме ортодонтски третман и кога пациентот е ортодонтски случај, а не бил лекуван, парадонтопатијата и губењето на здравите заби е неминовно.Сѐ почесто децата носат мобилни, а потоа и фиксни протези за да ги исправат искри&