Не само што ќе ја спроведуваат тиранската платформа за албанизација и федерализација на Македонија, СДС планира да ги зголеми и правата на ЛГБТ заедницата со тоа што ќе работат на постигнување на повеќе права, и подигање на свеста за толеранција кон хомосексуалците, пренесува Инфомакс.Ова вчера го соопшти потпретседателот на СДСМ Дамјан Манчевски, на конференцијата посветена на состојбата со правата на ЛГБТИ-лицата во Македонија, организирана по повод Меѓународниот ден за борба против хомофобија, трансфобија и бифобија (IDAHOBIT).
Според Манчевски, во Македонија хомосексуалците не уживале доволно права, а поради тоа тие како влада ќе се заложеле за промоција на истите.
– Ќе спроведуваме обуки на судии за препознавање на дискриминација за судска заштита. Сведоци сме на насилства од омраза. Секој треба да ужива во своите човекови права без разлика на неговата сексуална ориентација. Јавно признаваме дека оваа категорија луѓе годиниве се една од најдискриминираните групи граѓани во Македонија – рече Манчевски додавајќи дека ќе се исполни и нивното барање за воведување сексуално образование во школството.
Манчевски истакна дека државата наместо говор на омраза, ќе промовира толеранција кон сите што се различни и оти ЛГБТИ-заедницата има партнер во новата власт.
На крајот на манифестацијата Ивон Величковски од „Либерална Партија“ ја доби наградата „Поддржувач на годината“ на хомосексуалната заедница.Ова вчера го соопшти потпретседателот на СДСМ Дамјан Манчевски, на конференцијата посветена на состојбата со правата на ЛГБТИ-лицата во Македо