Децата од домот 11-ти Октомври во соработка со Примо чипс од јаболка изработија уметнички дела од јаболки

Вчерашниот ден штитениците од домот за деца без родители 11-ти Октомври го искористија за изработка на прекрасни уметнички дела од јаболки.Дечињата беа дел од креативната работилница во организација на компанијата Нутри – Груп и менаџментот на домот која го носеше името: Примо и креативците од 11- ти Октомври.
„Заедно со дечињата поминавме едно навистина убаво исполнето попладне и сме пријатно изненадени од нивната голема креативност. Цел на оваа работилница беше на кратко да им го разубавиме секојдневието на овие деца но и да пренесеме порака за здравата храна и секако здравите грицки како што е чипсот од јаболко“, велат сопствениците на Нутри Груп.
Креативната работилница се состоеше од два дела: Примо креативна работилница, направете уметничко дело од јаболко и Примо донација.
Сите дечиња кои беа дел од работилницата за подарок од компанијата добија пакетчиња од најздравиот чипс од јаболка Примо.Дечињата беа дел од креативната работилница во организација на компанијата Нутри – Груп и менаџментот на домот која го носеше името: Примо и креати

Пронајдете не на следниве мрежи: