Со драмска, музичка и ликовна креативна програма, дечињата од градинката “Весели цветови” во општина Кисела Вода, денес, во паркот Шопен, дадоа свој придонес во почитувањето на различностите и мултикултурализмот во нашата земја.Преку театарската претстава “Домот на дружината Мела”, преку музичките точки во кои прозвучеа рефрени на македонски, српски, албански, ромски, турски јазик и заедничките ликовни и спортски активности на сите членови на ”дружината Мела” кои се од објектот “Синоличка” од ЈДГ “Весели цветови”, дечињата се дружеа и покажаа како изгледа успешно функционирање на мултикултурализмот и почитувањето на различностите на секое ниво.
На настанот свое обраќање имаа претставникот на Уницеф во Македонија, д-р Бертран Демулен, координаторот на Програмата за ран детски развој на здружението “ЕЦД-КОР” Надица Јанева и директорот на ЈДГ “Весели Цветови”-Кисела Вода Габриела Стојановска кои ја потенцираа вредноста на ваквите проекти во подобрување на интеракцијата меѓу различни групи на деца и родители и зајакнување на почитта и прифаќањето на различностите кои се дел од секоја заедница.
Ова, пак, е и крајната цел на проектот “Воведување на почит кон различностите и мултикултурализмот во раниот детски развој во Македонија” кој Министерството за труд и социјална политика, Уницеф и Британската Амбасада го споведуваат во координација со општините и градинките низ Македонија.
Имплементацијата на програмата насловена “Воведување на почит кон различностите и мултиклтурализмот во раниот детски развој во Македонија” е започната минатата година и преку серија на обуки и работилници опфати 10 градинки и 10 општини во нашата држава. Финансиски е поддржана од Уницеф и Амбасадата на Велика Британија, а се спроведува во соработка со Министерството за труд и социјална поли тика, здружението “Ецд-Кор” и избраните општини и градинки во нив.
Преку театарската претстава “Домот на дружината Мела”, преку музичките точки во кои прозвучеа рефрени на македонски, српски, албан