Децата со посебни потреби ќе кампуваат пред Собранието

Игнорирани од новата влада, родителите на деца со посебни потреби најавуваат протести пред Собранието и подигнување на камп Иницијативата „Пет до дванаесет“.И родителите на деца со посебни потреби од денеска повторно ќе кампуваат пред Собранието на Република Македонија од каде ќе ги повторат своите барања и ќе побараат пратениците итно да расправаат за нивните проблеми.
– Тука сме да ги потврдиме нашите досегашните ставови, тука сме и ќе останеме во фокусот на јавноста да не видат луѓето спроти нас, во Собранието, и да ги постават нашите барања како приоритет. Ја повикуваме македонската јавност, ги повикуваме родителите и лицата со посебни потреби, во наредниве три дена да ни се придружат на нашите работилници, на кои ќе ги разгледаме уште еднаш барањата со цел да се дополнат, а исто така ги повикуваме и претставниците од ресорните министерства да дојдат одблиску да ги запознаат родителите, да ги слушнат нивните барања и нивните проблеми – рече Сузана Стојановска од иницијативата „Пет до дванаесет“.
– Ги повикуваме сите да дојдат да не поддржат. Ќе имаме подинамични активности од 18 до 22 часот, кога децата ќе можат да се дружат поинтензивно, затоа ги поканувам сите родители кои се послободни да дојдат да ни се приружат бидејќи навистина имаме што да покажеме – додаде таа.
Организаторите минатиот месец предложија законски измени до Министерството за труд и социјална политика, а сега ќе ги достават и до новата влада.
Советот на иницијативата како приоритетни издвоил неколку барања и тоа барањето да се избрише границата од 26 години од законите за труд и социјална политика и од законот за здравство, самохраните родители да се изедначат со згрижувачките семејства, да се формира народен правобранител за лица со посебни потреби. Но, тоа не се конечните приоритетни барања, тие ќе се утврдат во наредните три дена.И родителите на деца со посебни потреби од денеска повторно ќе кампуваат пред Собранието на Република Македонија од каде ќе ги повторат своите бара

Пронајдете не на следниве мрежи: