Во поголем број случаи предвремениот пубертет се случува спонтано, а кај некои случаи се поврзува со абнормалностите на мозокот, јајчниците, тестисите или други жлези, како и тумори, кои доведуваат до преголемо и прерано лачење на хормоните.Пубертетот се смета за клучен период во човековото физичко и ментално здравје и претставува транизиција од детство во возрасен. Многу деца во пубертет влегуваат во тинејџерски години, но проблемот со преран развој станува се почест.
Девојчињата влегуваат во пубертет меѓу 11 и 14 години, а момчињата од 12 до 16 години. Меѓутоа, во последно време често се случува пубертетот да почне многу порано.
Засега мал број деца во светот боледуваат од ретката состојба која се нарекува „предвремен пубертет“, а кој предизвикува пубертетски промени уште на двегодишна возраст.
Предвремен пубертет е состојба која предизвикува отпуштање на хормонот на хипофизата и деловите на хипоталамусот во мозокот, кој предизвикува стимулација на прозиведство на женскиот хормон естроген и така се случува предвременото влегување во пубертет.
Горната старосна граница за предвремен пубертет е осум години, кога се во прашање момчињата и девет години за девојчињата.
Во поголем број случаи предвремениот пубертет се случува спонтано, а кај некои случаи се поврзува со абнормалностите на мозокот, јајчниците, тестисите или други жлези, како и тумори, кои доведуваат до преголемо и прерано лачење на хормоните.
Дебелината е исто така поврзана со намалување на долната старосна граница во влегување во пубертет, па така, кај децата со зголемена тежина посебно кај девојчиња во САД и во Европа се забележува порано влегување во пубертет. Тоа е поради тоа што масните клетки складираат повеќе естроген.
Симптоми за предвремен пубертет со развој на гадите, нагло извишување, менструација, акни, зголемени тестиси или пенис, како и појава на влакна под пазувите, пишува „Индепендент“.
Но, како што вели Пол Калповиц од Детскиот национален медицински центар во Вашингтон, прераниот развој на гадите или појавата на влакната може да бидат изолирани случаи кои немаат врска со појавата на предвремениот пубертет.
Шарлин Дентон од Велика Британија, чијашто ќерка со две години почнала да покажува знаци на пубертет, објаснува како открила што се случува со нејзиното дете.
– По вториот роденден почнаа да ѝ се развиваат гради, а докторите ме уверуваа дека со неа е сѐ во ред. Кога градите продолжија да ѝ растат, направивме тестови, кои покажаа дека таа е во предвремен пубертет. Бев шокирана, не знаев дека такво нешто воопшто постои – објаснува Дентон.
Лекувањето на предвремениот пубертет зависи од причините, а примарната цел е со терапија да се запре растот на висината, бидејќи може да доведе со инвалидност подоцна во животот.Пубертетот се смета за клучен период во човековото физичко и ментално здравје и претставува транизиција од детство во возрасен. Многу д