ДЕЦАТА ВРЕСКАЛЕ КОГА ЌЕ ЈА ВИДАТ: После 18 години можат да кажат само: „НЕВЕРОЈАТНО“!

Харли Дабс е 21 – годишна девојка од Редсвил, Северна Каролина. Но, секој кој ја видел, не ја заборавил брзо.Кога Харли била малечка и имала само 3 години, веќе видела какви се луѓето за цел живот. Куќата во која живеела со семејството била жртва на страшен пожар и Харли била целосно зафатена во оган.
 
80 отсто од нејзиното тело било во изгореници, а лицето и било сосема изгорено. Нејзините веѓи повеќе никогаш не пораснале, а кожата и била покриена со пликови.
 
Докторите со загрижените родители ги споделиле своите сомнежи: нејзината шанса за преживување била околу 2%. Но дури и како мало девојче, Харли имала силна волја и ги отфрлила прогнозите на лекарите: преживеала и станала уште посилна и посамоуверена млада жена.
 
Меѓутоа, нејзиниот живот нагло се променил. На 18 години, Харли морала да оди во „Шринерс – детската болница“ во Синсинатија, Охајо, секој ден на операции на кожата. Сето тоа го правела само за да има шанса да изгледа колку – толку понормално кога ќе порасне.
 
„Болницата ми е како втора куќа. Секогаш се чувствував како да сум некој друг вид на суштество, но во болницата секогаш сум се чувствувала добро, бидејќи таму имаше и други луѓе кои изгледаа како и мене – таму чувствував дека припаѓам, дека сум своја.“
 
Нејзините изгореници биле толку силни што морала да направи трансплантација на веѓи.
 
Светот надвор од болницата немал баш убави зборови за неа. Секогаш ја малтретирале поради нејзиниот изглед, а депресијата била резултат на тоа.
„Не можев да одам никаде. Не можев да ја напуштам куќата. Кога и да отидев некаде, секогаш морав целосно да го покријам телото, дури и кога надвор беше жешко. Носев јакна со долги ракави и долги панталони“.

 
 
Но Харли не се откажала. Знаела дека мора да се бори против оние кои ја малтретирале. За да се одбрани, направила тетоважа на феникс кој се подига од пепел со зборовите: „Јас сум бестрашна и преубава“. Ова променило се бидејќи тетоважата го променила и начинот на кој се чувствувала: бидејќи таа навистина е преубава.
 
Таа вели дека е и голем борец:
„Јас сум силна, јас сум тоа што сум бидејќи се изборив за тоа. Бев во пеколот и се вратив сама назад на другата страна, и секој пат успеав“.
 
Таа сака да ја сподели оваа многу важна порака со светот и затоа ја сподели својата приказна на Фејсбук. Луѓето ширум светот ја прочитаа нејзината приказна и се импресионирани.
„Се надевам дека мојата приказна може да им помогне на другите кои се борат со своите белези, рани. Без оглед на тоа колку е лоша состојбата, можете да се изборите со тоа и работите ќе бидат подобри“.
 
Харли добила сила и од своето момче. Тој и помогнал да остане позитивна и кога и било многу тешко/
„Тој ми помага да се чувствувам убава, дури и во деновите кога мислам дека навистина мислам дека тоа не сум. И кога не можам да останам силна, тој е силен за двајцата.“
 
Таа сега има големи сонови за иднината:
„Сакам да станам медицинска сестра и мотивационен тренер. Сакам да им помагам на другите, изгорени или не, да разберат дека се убави, без оглед на тоа што друштвото мисли за нив“.
Таа особено би сакала да им помага на тинејџерите да не се чувствуваат осамено, бидејќи во тие години поради изгледот водат најголеми битки. Кога Харли била малечка и имала само 3 години, веќе видела какви се луѓето за цел живот. Куќата во која живеела со семејството била жртва на страше

Пронајдете не на следниве мрежи: