ДЕЦЕНИСКА ТАЈНА: Запознајте го специјалецот кој го уби најбараниот терорист на сите времиња!

Американската телевизија  „Fox News“ најавила дека на почетокот на ноември ќе емитува ексклузивно интервју со човекот кој лично го уби Осама Бин Ладен за време на акцијата на нападот на куќата во која што се криеше лидерот на терористичката организација Ал Каеда.Специјалецот, познат по прекарот Пукачот (The Shooter), првпат ќе го открие својот идентитет,  две и пол години по тајната мисија од Аботаабад во која беше убиен лидерот на Ал каеда и човек што, барем официјално, ги организираше нападите од 11 септември.
Иако за „Пукачот“ веќе се знаат некои детали, тој првпат лично ќе зборува за својата обука и за досега непознати детали за тајната мисија „Копјето на Нептун“, во која беше убиен Бин Ладен.
Тој ќе опише и детали за неочекуваниот пад на едниот од хеликоптерите и од што специјалците таа ноќ најмногу се плашеле. Тој ќе даде и свое видување за акцијата, која во живо од Белата куќа го следеле претседателот Барак Обама и остатокот од американскиот врв.
Додека во соопштението на Фокс се наведува дека ќе биде откире какви биле последните минути од животот на најпознатиот терорист.

 

Претходната исповед на друг специјалец: Како го убив Бин Ладен
Потсетуваме дека и претходно се објавени сведочења на специјалци кои тврделе дека баш тие го убиле терористот.
Пензионираниот припадник на специјалната единица Морнарички фоки, Мет Бизонет веќе опиша како во мај 2011 година го убил шефот на Ал каеда Осама Бин Ладен. Бизонет целата акција ја опиша во книгата „Не баш лесен ден“ (No Easy Day), а според него, тој со истрел во главата го убил тогаш најбараниот светски терорист кога се појавил на вратата од своето засолниште во Пакистан.
Тој го опишал и моментот на убиството на Бин Ладен:
„Крв и делови од мозокот беа растечени покрај неговиот череп. Додека сѐ уште умираше, телото му се грчеше“, напиша Бизонет.
Тој и уште еден негов соборец истрелале уште неколку рафали во градите на Бин Ладен додека не престанал да се движи. Најмалку три деца присуствувале на целиот настан и биле во состојба на целосен шок.Специјалецот, познат по прекарот Пукачот (The Shooter), првпат ќе го открие својот идентитет,  две и пол години по тајната мисија од Аботаабад

Пронајдете не на следниве мрежи: