Дедо Мраз го следеле 19 милиони луѓе во светот!

19.580.000 посетители ја посетиле страната за да следат во кој момент каде се наоѓа Дедо Мраз – објави Американската противвоздушна одбрана НОРАД.
Божикната традиција за следење почнала во 1955 година кога американски весник објавил реклама во која ги кани децата да му се јават на Дедо Мраз на бројот на НОРАД.
 На католички Божик поставиле апликација преку која преку „Фејсбук“, „Твитер“, како и преку мобилна апликација, можело да се следи патувањето на Дедо Мраз од Јужен Пацифик, Австралија, Нов Зеланд, преку Азија, Европа и Африка за своето патување, дедото, да го заврши во Јужна и Северна Америка. Од НОРАД информираа дека волонтерите одговориле на 117.371 повик од дечиња кои барале информации за најпознатиот дедо на светот и неговите ирваси, дали се на списокот на добри или лоши деца и што е потребно за да се посвои еден од нордиските елени на Дедо Мраз.
Само преку „Твитер“ Дедо Мраз го следеле 146.307 луѓе во светот, а  на „Фејбук“, програмата  добила 1,45 милион „лајкови“.
Меѓу волонтерите на НОРАД била и првата дама на САД, Мишел Обама.На католички Божик поставиле апликација преку која преку „Фејсбук“, „Твитер“, како и преку мобилна апликација, можело да се

Пронајдете не на следниве мрежи: