ДЕФОРМИРАНИ ПОРАДИ ЧЕСТА: Во име на верата носат и по 900 kg на рамењата!

Стотина посетители доаѓаат секоја година во Нола за да ги видат локалните жители со големи структури на рамењата. Тие гордо ги покажуваат израстоците на нивните рамења.Секоја година, во италијанскиот град Нола, во близина на Наполи, стотина лојални мажи свесно и доброволно ги деформираат своите тела во чест на религијата.
Годишниот Фестивал на лилјаните привлекува огромен број на посетители, а голем дел од нив сакаат да ги видат локалните жители како носат дрвени структури од 25 метри и тешки 900 килограми. За работата да биде полоша, тие пуштаат и деца да се качуваат на дрвените конструкции.
Ритуалот постои повеќе од 1.500 години, а мажите кои што учествуваат во парадата се викаат cullatori, што би можело да се преведе како носачи на колевки.

Фестивалот на лилјаните е посветен на Свети Паулино. Легендата вели дека се одрекол од слободата и од сето она што го имал, за да ги спаси сограѓаните за време на инвазијата на Визиготите во 410 година. Истата година е одржан и првиот фестивал и тоа продолжило и во наредните 1604 години.
УНЕСКО минатата година го заштити овој фестивал, што значи дека сега примаат и мал износ на пари за да ја одржат традицијата. За наредната година се имаат пријавено 120 жители.Секоја година, во италијанскиот град Нола, во близина на Наполи, стотина лојални мажи свесно и доброволно ги деформираат своите тела во чест на рел

Пронајдете не на следниве мрежи: