Насловот е логичен кога се знае дека на прашање до новиот кичевски градоначалник кој ги поставува јарболите со албански знамиња, тој одговара дека не знае!?
Мисли дека на тој начин се дистанцирал од одговорноста? Јас не сум од тука? Прашајте некој друг. Тоа значи или дека не е способен да ја води општината која што ја доби на тацна од неговите сонародници кои живеат или во странство или 30 километри од градот или дека лаже!
Да го потсетиме дека има обврска, според законот да го истакне и чува македонското знаме. Секаде во неговата општина. Без исклучок.
Дехари исто така повлече уште еден потег кој создава тензии помеѓу македонците и албанците во неговата општина. Имено започна да отпушта по етнички клуч. Со тоа уште еднаш докажува дека се што не смета дека е исто како него не му е мило.
Нам не ни останува ништо друго освен да го повикаме да престане да создава етнички јазови и да се помири дека е градоначаник на град во Македонија. Има шанса да покаже дека може да се издигне над рововите во кои сега стои и да биде признаен и прифатен од сите граѓани на Кичево.
Нели е тоа предизвик достоен за секој интелектуалец?
Филип ПетровскиНасловот е логичен кога се знае дека на прашање до новиот кичевски градоначалник кој ги поставува јарболите со албански знамиња, тој одговара дека