Деинституционализација на лицата со попреченост како апсолутна потреба и човеково право

Денес, 04 октомври, со почеток од 12 часот, на Скопскиот саем, се одржа првата од трите планирани проекции на повеќекратно наградуваниот документарен филм „Слободни“, од хрватскиот режисер Томислав Жаја, во организација на СОЛЕМ – здружение на граѓани за поддршка на лица со посебни потреби и Фондацијата Отворено општество Македонија. „Слободни“ следи група луѓе со интелектуална попреченост кои се институционализирани во хрватските институции, и ги прикажува почетоците на нивниот самостоен живот и патот до слободата. 
Она што овој филм толку умешно го прави е што го отвора прашањето за деинстуционализацијата, кое е едно од клучните прашања кога станува збор за луѓето со интелектуална попреченост. А истовремено е и обврска на сите држави потписнички на Конвенцијата за правата на лицата со инвалидитет на Обединетите нации, чија потписничка е и Република Македонија. И тоа го прави на документаристички непристрасен, автентичен, хуман, искрен и интересен начин, приближувајќи ги овие луѓе и нивните соништа и цели до секој еден гледач.
На проекцијата беа присутни голем број претставници од владини институции (Министерството за труд и социјална политика, Центри за социјални работи, згрижувачки центри и установи), партнерски граѓански организации и претставници на лицата со попреченост.  По проекцијата се отвори дебата на која учествуваше и режисерот Томислав Жаја, кој изјави: Деинституционализацијата е долготраен процес, но вреди за сите потрошени ресурси и време. Со текот на времето, на луѓето со интелектуални потешкотии им е потребна сè помалку поддршка за самостоен живот, а некои од нив станаа и омилени членови на заедницата. Од друга страна, според истражувањата, заводите за лицата со интелектуална попреченост се многу скапи за државата, а системот на живот во локалната заедница е до 20% поефтин.
Говорејќи за значењето на овој процес на деинституционализација, и зошто е неопходно тој да продолжи и да ги опфати сите институционализирани лица, Искра Росо од организацијата СОЛЕМ, која го поддржува процесот на деинституционализација на лица со интелектуална попреченост во Република Македонија преку нивно активно вклучување во програмите на кои работи, изјави: Деинституционализацијата не е едноставно преселување на лицата со интелектуална попреченост од установа во локалните заедници. Тоа значи и обезбедување на услуги со кои би се помогнала нивната интеграција во локалната средина и нивната социјализација. Како професионалци кои неколку години активно работат со возрасни лица со интелектуална попреченост, увидовме дека многу малку се работи на нивното зајкнување како личности кои имаат можност за преземање на контола врз сопствениот живот.  Поради тоа, Здружение СОЛЕМ ги воведе и работи со програмите за самоодредување и самозастапување за возрасни лица со интелектуална попреченост, водејќи се од идејата дека лицата со интелектуална попреченост може и мора да бидат рамноправни членови во нашето општество.
Во Македонија, процесот на деинституционализација на Специјалниот завод Демир Капија е започнат од 2008 година, на иницијатива на  Програмата за јавно здравство, при Фондациите Отворено општество од Њујорк, со поддршка од Министерството за труд и социјална политика. Сепак, до 2015 година, само 55 лица го имаат напуштено заводот и живеат во системот за организирано домување со поддршка. Неохподно е oвој процес на деинституционализација да продолжи и опфатот на лица да биде 100%.
Проекциите продолжуваат и следните два дена, и ќе бидат прикажани на групи од средношколци и на студентите од Факултетот за дефектологија и Факултетот за психологија.
Официјалниот трејлер за филмот може да погледнете на следниот линк: https://vimeo.com/149868241.
  
Она што овој филм толку умешно го прави е што го отвора прашањето за деинстуционализацијата, кое е едно од клучните прашањ

Пронајдете не на следниве мрежи: