Џеј-Зи потроши повеќе од 100 илјади фунти за организација на забава, која и ја приреди на својата сопруга Бијонсе, по повод нејзиниот настап на полувремето на американскиот Супербол.
Хитмејкерот Џеј-Зи, чие вистинско име е Шон Картер, беше домаќин на афтерпарти изненадувањето во чест на големиот успех на Бијонсе. Забавата, не беше единственото изненадување. Таа од Џеј-зи на подарок доби и дијамантски часовник во вредност од 60 илјади долари. За да покаже колку е горд на успехот на својата сопруга на задната страна на часовникот изгравирал и посвета за “г-ѓа Картер“.
На забавата имало многу, многу шампањ. Славниот рапер потрошил 50 илјади долари за таа намена, вклучувајќи и едно шише кое вреди 10 илјади долари. “Скапоцениот“ шампањ Џеј-Зи го истурил врз Бијонсе, Кели Роланд и Мишел Вилијамс, нејзините поранешни колешки од Дестинис Чајлд, кои и се придружија на сцената за прв пат после 2007-мата година кога триото се распадна.
Сите се забавуваа, се смееа, танцуцаа и се чини дека и не беа загрижени што нивната коса се наводени.
Пред Суперболот се шпекулираше дека Џеј-Зи настапот на Бјонсе ќе го проследи во живо во друштво на нивната нивната 12 месечна ќерка Блу Ајви. Но тој не се појави на настапот, а инсајдерските шпекулациите велат дека супер ѕвездата намерно не сакал да ја засени славата на Бијонсе. Извор вели дека Џеј-Зи сакал тоа да биде исклучиво нејзин момент, бидејќи таа долго и напорно работела за тој момент.
Copyright 2013 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.
Џеј-Зи потроши повеќе од 100 илјади фунти за организација на з