Џеј Зи за една ноќ потрошил 100.000 долари

Раперот Џеј Зи во њујоршки ресторан прославувал роденден на близок пријател, при што ја покажал својата „великодушност“. Цела ноќ се нарачувало шампањско (околу 40 шишиња), јастози и суши.На крајот на ноќта, Џеј Зи и групата пријатели заедно направиле сметка од близу 100.000 долари, која раперот ја платил и оставил плус 11.000 долари бакшиш.
Повеќето обожаватели на социјалните мрежи се воодушевуваат на бакшишот што го оставил раперот, додека други коментирале дека напојницата е премала, затоа што била околу 14 отсто од вкупната сума, а вообичаено се оставало меѓу 15 до 20 отсто.
Џеј Зи после прославата во клубот Плејрум, пријателите ги одвел на вечера, која чинела 13.000 долари.
Раперот и неговата сопруга Бијонсе се познати по тоа што не штедат на подароци и забави со своето семејство и пријатели.
 На крајот на ноќта, Џеј Зи и групата пријатели заедно направиле сметка од близу 100.000 долари, која раперот ја платил и оставил плус 11.000 долари

Пронајдете не на следниве мрежи: