Џеј Зи:„Не можам и не сакам да го контролирам животот на Ријана“

Добро ни е познато дека еден од најуспешните рапери на денешницата Џеј Зи е заслужен за планетарната популарност на Ријана.
Токму Џеј Зи ја откри убавицата од Барбадос и ја зема под своја закрила. Талентираната Ријана оттогаш стана една од најпознатите женски изведувачки во светот на музиката.
За радиото „Hot97“,во интервјуто, водителката го прашала Џеј Зи какво е неговото мислење за однесувањето на Ријана во последно време.

– Не сум јас тој кој треба за тоа да зборувам ниту да се мешам. Не можам јас да контролирам што ќе се случи со нејзиниот живот. Со задоволство ќе и дадам конструктивен совет, кога ќе го побара тоа од мене. Можам да и дадам било какви информации, ако ја интересираат, но сепак животот ги игра сите карти и животот ќе одреди што ќе биде со неа, изјави менторот на Ријана, Џеј Зи.

Да потсетиме дека Ријана во последно време ги полни медиумските наслови. Веќе неколку пати досега доцни на своите концерти. На сцената се појавува под дејство на алкохол. На последниот концерт во Монако, публиката ја чекала пејачката дури 4 часа.Добро ни е познато дека еден од најуспешните рапери на денешницата Џеј Зи е заслужен за планетарната популарност на Ри

Пронајдете не на следниве мрежи: