Откако минатата недела Ви го покажавме единственото место во Македонија каде што се изработуваат Божикните пештери како еден од најубавите симболи на празникот што ни доаѓа на ред е да Ве запознаеме со начинот на кој се изработуваат Божикните ѕвезди, овој пат во домашни услови, со цел, секој што ќе го проследи овој прилог да може да им помогне на најмладите членови во семејството сами да си направат Божикна ѕвезда која освен за украсување на домот, ќе им биде потребна на децата, и за учество во Бадниковите поворки кои традиционално и оваа година, на 6-ти Јануари – Бадник, ќе се одржуваат низ улиците на Скопје и сите останати градови во Македонија.
Во семејниот дом на г-ѓа Даниела Секуловска која веќе неколку години изработува Божикни ѕвезди за децата што ги предводат Бадниковите поворки, организиравме мини работилница во која се вклучија Викторија Лоба, Дејан Лилиќ и Филип Божиновски кои исто така ќе бидат дел од овогодишните Бадникови поворки и заедно со уште многу познати личности од светот на музиката, филмот, телевизијата, спортот и театарот, ќе чекорот и пеат заедно со децата, и во тоа колективно радосно празнување, ќе го наговестуваат Христовото Раѓање.
Божикната ѕвезда ја симболизира Витлеемската ѕвезда која со необична светлина блескала и ја осветлувала пештерата во која се родил Исус Христос. За неа се знае дека се разликувала од обичните ѕвезди. Неа ја следеле тројцата мудреци (според податоците тие биле мудреци – астрономи од Исток). Нејзината силна и чудесна светлина блескала дури до нивната родна земја, па тие како добри
Во семејниот дом на г-ѓа Даниела Секуловска која веќе неколку години изработува Божикни ѕвезди за децата што ги предводат Бадниковите пов