Дејл: Потребна е ревизија на начинот на кој УСАИД троши пари

Американскиот Kонгрес треба да го испита помагањето на крајно левичарски ориентирани програми од страна на американската организација УСАИД во земји како Македонија, смета Хеле Дејл, од водечката аналитичка фондација „Херитиџ“ во разговор за „Дневник“.Според Дејл, одлуката да се поддржуваат проекти во соработка со фондацијата на Џорџ Сорос станало пракса не само во Македонија, туку и во други држави низ регионот и претставува злоупотреба на средствата кои треба да се насочат за помош на државите, а не за натурање одредени идеолошки погледи и политики.
Со владини пари до сопствени политички цели
– Kонгресот апсолутно мора да изврши ревизија на начинот на кој се користат средствата на УСАИД. УСАИД не смее да се злоупотребува за политички цели. Оваа организација во минатото имала поддршка од двете партии во САД и мислам дека републиканските членови на комисиите за надворешни работи во Kонгресот би биле навистина заинтересирани да слушнат како парите на американските даночни обврзници се користат за промовирање одредени политички каузи – вели Дејл во изјава за „Дневник“.
Поопширно во печатеното или во електронското издание на ДНЕВНИК.Според Дејл, одлуката да се поддржуваат проекти во соработка со фондацијата на Џо

Пронајдете не на следниве мрежи: