„Дејли Мејл“: Пронајден Куран во Бирмингем кој ќе го разниша исламот!

Фрагменти од најстариот Куран на светот, кои минатиот месец беа пронајдени во Бирмингем, датираат од времето пред пророкот Мухамед. Ова би можело да го разниша исламот, тврдат научниците, а пренесува британски Дејли Мејл.Според британскиот лист, тој е пишуван со мастило и рана форма на арапското писмо, а фрагментите содржат сури (поглавја).
Експерти од Оксфорд утврдија дека најверојатно станува збор за најстариот Куран на светот. Ова откритие е посебно значајно, бидејќи се сметало дека Куранот во раниот ислам повеќе се пренесувал преку усмен пат.
Но, се појавија и неколку експерти коишто тврдат дека фрагментите датираат уште пред времето на Мухамед.
Се верува дека овој Куран е напишан помеѓу 545. и 568. година од новата ера.

„Најблаго речено, ова ќе го разниша сето она за што тврдевме дека со сигурност го знаеме како настанал Куранот, а ќе има импликации и на дел од историјата што се донесува на Мухамед“ – изјавил Том Холанд за Тајмс.
Кејт Смол од Оксфорд, тврди дека ова дава основи на повеќе теории, меѓу кои е и онаа дека Мухамед и неговите први следбеници всушност користеле веќе постоечки текст кој потоа бил преработен за да се вклопи во нивната политичка и теолошка агенда.
Од друга страна, муслиманските теолози ги негираат овие тврдења.
Се смета дека пророкот Мухамед го основал исламот нешто по 610. година по Христа, додека првата муслиманска заедница е основана 12 години подоцна, во Медина. Сѐ до тој момент, Куранот се пренесувал исклучиво по усмен пат, до моментот кога калифот Абу Бакр не наредил да се напише книга.Според британскиот лист, тој е пишуван со мастило и рана форма на арапското писмо, а фрагментите содржат сури (поглавја).
Експерти од Оксфо

Пронајдете не на следниве мрежи: