„Дејли телеграф“: Еврото се ближи до колапс

Целиот проект наречен Евро, е оштетен во сегашната форма и еден ден оваа куќа од карти ќе се урне и ќе падне во колапс.На страниците на влијателниот лондонски Дејли телеграф, за ова алармира проф. Отмар Исинг. Тој е творец на еврото и прв главен економист на Европската централна банка.
„Еврото беше предадено од политичарите, кои го доведоа експериментот до деградација, за да ја маскираат со него патологијата на економијата на ЕУ. Мислем дека економијата на ЕУ ја очекува влез од криза во криза, а тешко е да се каже колку воопшто ќе продолжи, но нема да биде бескрајно. Евро зоната не може да се справи со структурниот недостаток на внатрешно поврзување“ смета тој.
Европската комисија изобилува со политичари кои се откажале од воведување на правила на разумен начин – форма на морално коцкање. Европската централна банка, пак, фатално го компромитира целиот финансиски систем на заедницата.
„Пактот за стабилност и раст пропаѓа. Раката на пазарот која би го дисциплинирала, се одбива од интервенциите на ЕЦБ. Таа држи над 1 трилион евра во хартии од вредност при негативни камати, од кои некои се речиси ѓубре и претставуваат натрупување на огромни загуби на хартија“.
Според професорот, единствената шанса за европскиот проект е сојуз на суверени држави.
Тој предупреди уште во 2010 година до каква поголема каша за сметка на европските плаќачи на данок ќе доведе интервенцијата на ЕЦБ и ММФ во Грција и предупреди што може да ја дочека ЕУ пет години подоцна што не ги отвори очите на лидерите.
Фото: Дејли телеграфНа страниците на влијателниот лондонски Дејли телеграф, за ова алармира проф. Отмар Исинг. Тој е творец на еврото и прв главен економист на Ев

Пронајдете не на следниве мрежи: