Џејн Тејлор, 50-годишна мајка е последната потврдена жртва на терористичкиот напад во Манчестер

Џејн Тејлор, 50-годишна мајка на три деца е последната потврдена жртва на терористичкиот напад во Манчестер, во кој загинаа  22 лица.Како што јавуваат британските медиуми, таа на концертот на американската пејачка Аријана Гранде отишла за да ја земе ќерката на својата пријателка, а се нашла во непосредна близина на експлозијата.

Тејлор работела како училишна рецепционерка.
-Сите ученици и колеги испраќаат сочувство до нејзиното семејство, се вели во соопштението на училиштето каде што таа работи.
Директорот на училиштето изјави дека вработените и учениците се запрепастени од веста за смртта на Тејлор.
-Џејн беше сакана и почитувана, нашите мисли се со нејзините пријатели и семејството, вели тој.Како што јавуваат британските медиуми, таа на концертот на американската пејачка Аријана Гранде отишла за да ја земе ќерката на својата пријателка,

Пронајдете не на следниве мрежи: