Џејсон Мико менаџер за односи со јавноста од Аризона (САД), и долгогодишен набљудувач на состојбите во Македонија и во Југоисточна ЕвропаПовеќето луѓе што се сметаат себеси за дел од политичката десница или левица, не размислуваат многу за потеклото на нивната политичка филозофија. Да бидеме фер кон двете страни, тие веројатно се презафатени во обидот да заработат за живот, да обезбедат егзистенција за своите семејства и да си го живеат животот. Но кога станува збор за лидерското ниво и во десницата и во левицата, многумина од десницата ја сфаќаат историјата на својата филозофија, додека многумина од левицата немаат поим. Левицата, за разлика од десницата, е „функционално незаинтересирана за сопствената интелектуална историја“, смета Џона Голдберг, автор на брилијантната книга „Либерален фашизам“. Но за да го одбраните своето специфично размислување за политичките филозофии, корисно е да ги знаете нивните основи и потекло, а со тоа и кусиот опис на потеклото на политичката левица и десница.
Зачетоците на модерната левица и десница се речиси во истиот период, доцната прва деценија од 18 век и истата географска локација – Европа. Термините „левица“ и „десница“ водат директно потекло од францускиот парламент пред револуцијата од 1789 година: поддржувачите на кралот седеле од десната страна на претседателот на парламентот, а поддржувачите на револуцијата седеле на левата страна. Традиционално, левицата се смета за партија на „движењето“, а десницата за партија на „редот“. Според Голдберг, „Француската револуција била првата тоталитарна револуција, мајка на современиот тоталитаризам и духовен модел за италијанските фашисти, германските нацисти и за руските комунистички револуции.“
Револуцијата била дизајнирана „да го замени христијанството“, била политичка религија што го глорифицирала народот и ја назначувала револуционерната авангарда за свои свештеници, кратејќи им ги правата на индивидуалците“. Kако што вели Робеспјер, еден од водачите на Француската револуција, „народот секогаш вреди повеќе од поединците… Народот е возвишен, но поединците се слаби.“ Секако, Робеспјер на крајот беше егзекутиран од своите револуционери- затоа што не бил доволно револуционерен. Оттаму, денешната политичка левица влече корени од Француската револуција и од уништувањето што таа им го донесе на Французите и на другите Европејци. (На оваа тема има многу да се пишува, но тоа ќе го сторам во некоја идна колумна. Но дозволете ми да го додадам ова, затоа што е важно за актуелната ситуација во Македонија: една од алатките што се користеле тогаш и сега од страна на фашистите и на левицата е одржувањето „постојано чувство на криза“, зашто кризата „ги осуетува дебатата и демократската расправа“. Ви звучи познато? )
Ова заменување на традицијата и на верувањето во Бога – или барем во виша сила- е камен-темелник на левичарското размислување. Тие го креваат човештвото над Бога и го отфрлаат боженственото. Се разбира, отфрлајќи го ова тие го заменуваат со верување во човекот и во усовршливоста на човекот. Со оглед на тоа дека многумина од левицата веруваат во еволуцијата и во теоријата за Големата експлозија како начин на кој е создаден универзумот, оттаму следува дека тие го имаат само овој живот на земјата во кој веруваат – и за нив нема ништо друго- нема вечност во иднината, нема вистинска цел, нема вистинска причина за постоењето. (Ако не верувате во Господ и во суштина верувате во Големата експлозија и во еволуцијата, тогаш мора да бидете искрени и да верувате дека сте „случајна појава“ на земјава.) Токму затоа левицата толку напорно се бори за „тука и сега“, затоа што не постои ништо за што вреди да се борат. Од Француската револуција наваму, имаше многу херои од левицата кои ќе бидат тема на мојата колумна идната недела.
Од друга страна, кај десницата, многу историчари ги поврзуваат нејзините корени со Едмунд Бурк (1729-1797), ирски државник кој се преселил во Лондон и станал член на парламентот. Тој бил поддржувач на Американската револуција во 1776 година (додека бил член на англискиот парламен!) и предвидувачки напишал, пред Француската револуција, дека таа ќе заврши со катастрофа (ако сте ја заборавиле историјата, таа заврши со јакобинската диктатура и, подоцна, Наполеон стана диктатор на Франција). И политичката десница има многу херои, за кои ќе пишувам во некоја идна колумна, вклучувајќи ги американскиот претседател Абрахам Линколн, кој беше претседател во времето на Американската граѓанска војна и се бореше (успешно) да ги одржи државите заедно, што беше платено со големо крвопролевање. Kонзерватизмот, како што рекол Линколн, е „приврзаност за старото и пробаното наспротив новото и непробаното.“
Левицата ги става колективните права над правата на индивидуалецот, не ја сака традицијата и е многу заинтересирана за „движењето“ и за „промената“ (слоганот во кампањата на американскиот претседател Барак Обама во 2008 година беше „Надеж и промена“), се сомнева во религијата и во верувањето во Бога, и претпочита, меѓу другото, социјалистички економски модел. Левицата, како што вели авторот Џејмс Бурнам, „отсекогаш најприродно функционирала како тенденција на спротивставување на редот што преовладува“ и „секогаш ја истакнувала промената“ и „отсекогаш имала и продолжува да има главно негативно влијание врз општеството“.
Десницата, од друга страна, го става поединецот над колективот, верува во Господ или во виша сила и цел, верува во традицијата и во старите обичаи знаејќи дека се испробани и вистинити, сфаќа дека е промената неопходна, да, но верува дека таа треба да биде бавна и одмерена, не верува дека е човекот усовршлив, туку дека е човекот навистина склон кон злото, и, меѓу другото, ги претпочита слободниот пазар и капитализмот.
Со оглед на овие описи на политичката десница и левица, многу полесно е да се види дека мнозинството од македонските граѓани се „традиционални“ и „општествено конзервативни“ луѓе. Затоа десницата продолжува да победува на изборите во Македонија.
Пишува: Џејсон Мико за Дневник(Авторот е менаџер за односи со јавноста од Аризона (САД), и долгогодишен набљудувач на состојбите во Македонија и во Југоисточна Европа)Повеќето луѓе што се сметаат себеси за дел од политичката десница или левица, не размислуваат многу за потеклото на нивната политичка филозофија. Д