Британскиот државен министер за Европа Дејвид Лидингтон, кој е во работна посета на Република Македонија, денеска ќе има средба со министерот за надворешни работи Никола Попоски.Во текот на вчерашниот ден Лидингтон се сретна со вицепремиерот задолжен за европски прашања Фатмир Бесими и со лидерите на политичките партии ВМРО – ДПМНЕ Никола Груевски, на СДСМ Зоран Заев и на ДУИ Али Ахмети, на кои во фокусот на разговорите беа прашањата за политичката криза во земјава и престојните избори закажани за 5.јуни, како и евроатлантските интеграции на Република Македонија.
На форумот на кој синоќа учествуваше, британскиот минситер Лидингтон упати порака дека Македонија треба да се фокусира на она што треба да се направи за да може да го надомести загубеното време во однос на патот за членство во ЕУ.
Меѓународната заедница, истакна Лидингтон, не може да ја реши политичката криза за Македонија. Тоа може да го направат само политичките лидери во Македонија и македонскиот електорат. Пораката од главните градови од ЕУ, како што посочи, е многу јасна, а тоа е политичкото влијание во правосудните институции се работи кои не се компатибилни со членството во ЕУ.
Тој смета дека се можни кредибилни избори на 5. јуни, кои, оцени, ќе бидат можност за залекување на раните предизвикани од долготрајната политичка криза во државата, која ја задржува земјата во интерграцијата во НАТО и во ЕУ.
– Изборите со кредибилитет се можни на 5.јуни, но за тоа да се случи неопходно е сите да дадат свој придонес односно да ги стават настрана интересите на политичката партија или личните интереси и да работат во насока на реализација на промените за кои сите се согласиле со договорот од Пржино, рече Лидингтон, додавајќи оти има доволно време да се исполнат сите обврски преземени од Пржино.
На прашањето какви се неговите впечатоци по вчерашните средби со лидерите на политичките партии, Лидингтон информира дека сите истакнале оти се посветени да ги исполнат заложбите кои се преземени и се посветени да ги исполнат до крај ветувањата од Пржино.
Велика Британија останува посветена на давањето поддршка на Македонија во одржувањето на нејзиниот евроатлантски пат, потенцира британскиот државен министер за Европа, Дејвид Лидингтон,
Дополнителен проблем со кој Македонија сега се соочува, подвлече тој, е прашањето со името.
– Политичката вистина е дека НАТО спогодбата и спогодбите за ЕУ бараат одлуките за нови членки да бидат донесени со консензус и нема одредба за мнозинско гласање и од тие причини отсуството досега за неуспешно решение за името е важен елемент што ја држи Македонија се уште назад. Сигурен сум дека ова е многу обесхрабувачки за луѓето во Македонија, рече министерот Лидингтон на прашањето дали и како Велика Британија ќе ја поддржи Македонија на престојниот НАТО самит во Варшава.
Тој изрази надеж дека новата Влада која ќе биде избрана во јуни, како што рече, ќе успее да направи чекор напред не само во однос на програмата за внатрешни реформи, туку и во разговорите со Грција за решавањето на прашањето за името.Во текот на вчерашниот ден Лидингтон се сретна со вицепремиерот задолжен за европски прашања Фатмир Бесими и со лидерите на политичките партии ВМРО