Новиот тренер на екипата на англискиот шампион, Манчестер Јунајтед, Дејвид Мојс, би сакал во своите редови да го види хрватскиот интернационалец од редовите на Реал Мадрид, Лука Модриќ.
Дејвид Мојс ќе се обиде да го доведе Модриќ уште во овој трансфер период, пренесува „Дејли Стар“.
Тиаго Алкантара беше прва опција и мета на Манчестер Јунајтед за овој трансфер период, но откако Алкантара јавно се изјасни дека би сакал да игра за Пеп Гвардиола, сега се чини дека Манчестер Јунајтед сите погледи ќе ги насочи кон ангажман на Модриќ.
„Дејли Стар“ пренесува дека Мојс ќе направи се што е во негова моќ да го донесе хрватот во своите редови, а предност за тимот од Англија ќе биде тоа што Карло Анчелоти, новиот тренер на Реал Мадрид, едноставно не го смета Модриќ како прва опција за новата сезона.Новиот тренер на екипата на англискиот шампион, Манчестер Јунајтед, Дејвид Мојс, би сакал во своите редови да го види