Декресин: „Разговараме со соседните земји на Грција за планови за вонредни ситуации и какви мерки да се преземат

Меѓународниот монетарен фонд работи со националните власти во ЈИЕ по планови за дејствија при евентуален грчки банкрот. Тоа го тврди Јорг Декресин, заменик директор на европскиот оддел во ММФ за весникот Волстрит џурнал.Според весникот, тоа е ретка јавна изјава дека се подготвуваат за потенцијално неуспешни преговори за продолжување на помошта за Атина.
Во текстот се вели дека грчките банки се големи играчи во финансиските системи на некои од соседните држави.
Во Бугарија и Македонија имаат по околу 22 отсто од банкарските активи, додека имаат активност и во Романија, Албанија и Србија.
– Во дијалог сме со тие држави, посочува Јорг Декресин.
– Разговараме со нив за планови за вонредни ситуации и какви мерки да се преземат, додава претставникот на ММФ.
ММФ побара од националните организacии за надзор да гарантираат дека филијалите на грчките банки имаат доволно активи кои може да ги користат доколку финансирањето од централата запре.
Преговорите на Грција и нејзините меѓународни кредитори напредуваат многу бавно и покрај предупредувањата од грчки официјални претставници дека владата е близу до банкрот.
– Би било глупаво доколку некој во политичкиот свет не би се вознемирил во оваа состојба, коментира Декресин и додаде:
– Наша оценка за грчките банки во овој регион е дека тие се високо ликвидни и не гледаме значително повлекување депозити, нагласува Декресин.Според весникот, тоа е ретка јавна изјава дека се подготвуваат за потенцијално неуспешни преговори за продолжување на помошта за Атина.
Во

Пронајдете не на следниве мрежи: