Дел од косовските партии треба да платат 65.000 евра поради непочитување на изборните правила

Дел од политичките субјекти, учесници на предвермените парламентарни избори,што во Косово ќе се одржат в недела на 11 јуни, добиле парични казни од Комисијата за изборни приговори и жалби (ПЗАП), поради кршење на правилата на изборната кампања.До денешниот, последен ден, од изборната кампања, политичките субјекти добиле парични казни во вкупен износ од 65 илјади евра.
Мул Деску, Претседавач на Секретаријатот на комисијата, изјави дека непочитувањата на правилата на изборната кампања главно се однесуваат на непрописно поставување изборен материјал на јавни места.
– Пред и за време на изборната кампања на политичките субјекти, примивме вкупно 116 приговори, од кои 18 се приговори пред официјалниот почеток на изборната кампања, додава Деску.
Изборната кампања во Косово официјално почна на 31 мај а завршува денеска на полноќ, кога настапува изборниот молк.
За 120 члениот Парламент на Косово во трка се кандидати на 11 политички субјекти, меѓу нив и партијата на Македонците од Гора „Единствена горанска партија“, која на гласачкото ливче е на единаесеттото место. Во единствениот избирачкиот список запишани се 1.872.941 гласачи.
 До денешниот, последен ден, од изборната кампања, политичките субјекти добиле парични казни во вкупен износ од 65 илјади евра.
Мул Деску, П

Пронајдете не на следниве мрежи: