Дел Потро ја освои публиката во Вимблдон: Тешко ми е да го поднесам поразов…

Аргентинскиот тенисер Хуан Мартин Дел Потро изјави дека му е тешко да го поднесе поразот од Новак Ѓоковиќ во полуфиналето од Вимблдон, мечот го оцени како „голема битка“.
„Тешко ми е да го поднесам поразот. Се водеше голема битка, мечот беше на високо ниво и бев толку блиску…“ вели Дел Потро.
Мечот помеѓу српскиот тенисер Ѓоковиќ и аргентинскиот тенисер Дел Потро траеше четири часа и 43 минути, а конечниот исход во сетови гласеше 3-2 во корист на српскиот тенисер.
„Луѓето околу мене ми говорат убави работи, убави коментари добивам за натпреварот со Ѓоковиќ, тешко ми е кога ќе изгубам, има натпревари кога и двајцата натпреварувачи заслужуваат да победат, но ако тој го доби мечот тогаш тоа и го заслужи“ изјави Дел Потро.Аргентинскиот тенисер Хуан Мартин Дел Потро изјави дека му е тешко да го поднесе поразот од Новак Ѓоковиќ во полуфинал

Пронајдете не на следниве мрежи: