Последниве 4 месеци сме заложници на „петардите“ на Зоран Заев и неговиот клан. Секој граѓанин сакал или не, е во заложништво на СДСМ.Зоран Саев освен „петарди“, ништо друго и не ѝ понудил на македонската јавност. Наспроти објавувањето на овие незаконски стекнати и добиени материјали (лепени и сечени) владата на ВМРО-ДПМНЕ на чело со г-дин Никола Груевски работи со полна пареа и нема ден да мине, а да не биде објавена по една нова инвестиција, ново работно место, реконструкција на некое училиште или пак нов пат (автопат).
Но, да не нафрламе одиме редоследно: Нешто што е доста актулено и „пресно“ е новата инвестиција што премиерот Никола Груевски ја најави пред некој ден, а тоа е отварањето на шест нови фабрики и 5000 нови работни места во Кичево, Охрид, Прилеп и Штип.
Нешто што исто така не може да биде занемарено и што е доста важно за развојот на нашата држава е пристигнувањето на првиот од шесте нови возови наредниот месец. Новата електромоторна патничка гарнитура е веќе спремна и беше промоворина пред македонската јавност. Се очекува до почетокот на наредната година да биде извршена достава и на останатите нови возови.
Од оваа инвестиција повторно нај големиот благодет го имаат граѓаните, брзо пристигнување на посакуваната дестинација, уживање и комфорт при патување и безбедност загарантирана од организацијата за безбедност на патен сообраќај. Тоа не е сѐ! Продолжуваме понатаму…
Пред само некој ден, премиерот на Република Македонија г-дин Никола Груевски беше во посета на Богданци. Токму таму беше означен стартот на ветерни електрани кои редовно ќе произведуваат електрична енергија. Паркот на ветерници со производство од најмалку 100 гигават часови природно одржлива енергија веќе ги снабдува домаќинствата на преку 60 илјади граѓани на Република Македонија или еден поголем град како Прилеп, Куманово, Тетово, Гостивар. И повторно благодетите од овој проект и инвестиција ги гледаат граѓаните.
Продолжуваме понатаму, пред само некој ден беше извршен увид на лице место на градежните активности на новиот автопат кој се гради кон Демир Капија. Повеќе од 60% од работите се веќе завршени! Овој, како и сите останати нови патишта и автопатишта ќе придонесат граѓаните да стигнуваат многу побрзо и побезбедно на посакуваната дестинација и не само тоа, ќе привлечат минувачи и ќе има голема фреквенција на возила поради поволностите и добрата инфраструктура. И повторно тоа не е сѐ, во меѓувреме министерот за труд и социјална политика г-дин Диме Спасов, излегува на прес конференција и информира дека во Република Македонија се отворени нови 20 приватни градинки кои веќе започнаа со работа.
Тој истакна дека не само што се зголемува капацитетот, туку исто така овие приватни детски градинки отвораат нови работни места. Во овие 20 нови приватни градинки работат над 150 лица. И пак ќе речам не е само тоа, дали и вие како и јас, постојано гледате прес конференции на Министерот за здравство г-дин Никола Тодоров и најава за нови или пак презентација на веќе стигнати нови апарати со цел модернизација на здравство и лесно детектирање на болест кај пациентите. Сѐ ова повторно на задоволство и благодет на граѓаните. И сите овие горенаведени работи замислете се само од овој последниов месец, што во превод значи ако почнеме со анализа за изминатиот период ќе ни требаат неколку месеци.
Ако резимираме ќе видиме дека од едната страна имаме „петарди“ од другата страна имаме проекти, некои од нив веќе реализирани, а некои во фаза на реализација. Ако пак, погледнеме кон лидерите ќе забележиме дека едниот работи неуморно и посветено за доброто на Македонија и неговите Македонци, а другиот пак ужива и печали на грбот на македонскиот граѓанин.
Народе! ИМА РАЗЛИКА! ДЕЛА, А НЕ ЗБОРОВИ! СТОП ЗА ЗОРАН ЗАЕВ И НЕГОВАТА ПОГУБНА ПОЛИТИКА ЗА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА! СТОП ЗА СИТЕ БОМБИ И ПЕТАРДИ!Зоран Саев освен „петарди“, ништо друго и не ѝ понудил на македонската јавност. Наспроти објавувањето на овие незаконски стекнати и доб