Делегација на полските Вооружените сили, предводена од генерал Мјечеслав Гоцул, и началникот на ГШ на АРМ генерал-потполковник Методија Величковски, денеска ја посетија јужната граница во реонот на караулата „Богородица“.Припадниците на АРМ пред делегацијата ја прикажаа актуелната безбедносна ситуација при што се презентира начинот на кој АРМ ги спроведува доделените задачи за непрекинато обезбедување на државната граница и спречување на нелегални минувања, соопшти Канцеларијата за односи со јавност на ГШ на АРМ.
Генералот Гоцул, се вели во соопштението, искажа особен интерес за начинот на менаџирање на капацитетите преку најадекватна примена на меркитe и процедурите кои АРМ со успех ги спроведува во досегашниот период при справувањето со мигрантската криза.
Армиската делегација на ВС на Република Полска во текот на утрешниот ден ќе го посети и центарот за обука на пилоти во Петровец при што ќе се запознае со потенцијалите на центарот и можностите за соработка во оваа област.Припадниците на АРМ пред делегацијата ја прикажаа актуелната безбедносна ситуација при што се презентира начинот на кој АРМ ги спроведува доделенит