Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николовски и Владимир Ѓорчев, во рамките на посетата на САД, во Вашингтон во текот на вчерашниот ден остварија средба во Американскиот конгрес со директорот за политика на конгресот во САД, Кристофер Татл и со шефот на администрацијата на комитетот на надворешни работи на Американскиот конгрес, Бенџамин Пушер.Станува збор за луѓе кои се дел од креирањето на политиката на американскиот Конгрес и нејзиното ефектуирање низ процесите со кои се управува.
На средбата се разговараше околу достигнувањата кои Република Македонија ги има постигнато во повеќе области и сфери, вклучително и економијата, како и можностите за остварување на продлабочена институционална соработка и создавање на добри услови за интензивирано пријателство.
-Денес остваривме исклучително значајна средба во американскиот Kонгрес. Разменивме мислења околу односите на Република Македонија и САД особено во однос на стратешката ориентација на Македонија за членство во НАТО и ЕУ, исто така разговаравме за економските достигнувања на Македонија кои што високо се ценат тука, при што Македонија е една од ретките држави од регионот која што има позитивни економски резултати, разговаравме за мигрантската криза, за престојните парламентарни избори во Македонија како и за соработката после изборите, истакна пратеникот Николоски по остварената средба.
На средбата беше изложена поддршката која САД и ја дава на Македонија во поглед на остварувањето на стратешката цел за членство во НАТО.
-Високо ја цениме поддршката на Американскиот конгрес, заинтересираноста и на сенаторите и на конгресмените, како и на првиот човек кој што ја креира политиката на Американскиот конгрес и на првиот човек на администрацијата и се надеваме дека овие средби ќе продолжат и во иднина и американската јавност, но пред се американските политичари и оние кои ги носат одлуките ќе имаат подобро познавање на ситуацијата на Македонија и како би можеле односите уште повеќе да напредуваат во иднина, изјави Николоски.Станува збор за луѓе кои се дел од креирањето на политиката на американскиот Конгрес и нејзиното ефектуирање низ процесите со кои се управува.