Несериозно е со таков тим ние да излеземе пред светот, да кажеме еве ние сакаме да донесеме странски инвестиции, каде што луѓето инволвирани или луѓе кои се во овој тим, прво немаат основни познавања од материјата, кажа во гостувањето во вестите на Алфа, Христијан Делев од ВМРО-ДПМНЕ, инаку поранешен заменик министер за економија.-Овој тим сега што го гледаме или овој тим што досега го презентираа, посебно во тимот за странски инвестиции, според мене нема никаков капацитет. Несериозно е со таков тим ние да излеземе пред светот, да кажеме еве ние сакаме да донесеме странски инвестиции, каде што луѓето инволвирани или луѓе кои се во овој тим, прво немаат основни познавања од материјата. Привлекувањето на странски инвестиции е еден од најкомплексните, можеби и најтешкиот процес што некогаш се одвивал во Република Македонија, изјави Делев.
Делев кажа дека кревањето на данокот како што го планира новата влада, е вистински апсурд во економијата.
-Нам ни требаа повеќе од 4 години да креираме производ што се вика Македонија и што го нудевме пред странските инвеститори. Сега овие луѓе би требало тој производ да го промовираат, но како ќе го промовираат кога сите тие атрибути што досега ги правевме се ставаат на страна, се креира нова даночна политика. Како што бевме ние четврта конкурентна економија во светот и да кажеме прва во Европа и пошироко. Со зголемувањето на данокот за 32 проценти, ние стануваме 50-та, 60-та држава и никој нема да сака така да доаѓа да инвестира во Македонија заради зголемувањето на даноците за повеќе од 30 проценти, што е апсурд во економијата преку ноќ за толку да се зголемат даноците, изјави Делев.
Тој кажа дека ако продолжи со вакви антиреформи новата влада, ќе треба да заборавиме на странски инвестиции.
-Целиот тој процес ќе се стопира со таков тим и со такви мерки, а тоа ќе го искористат земјите во опкружувањето. Ако продолжат со такви антиреформи мислам дека ќе треба да заборавиме дека некоја компанија отворила свој капацитет во Македонија, изјави Делев.
-Овој тим сега што го гледаме или овој тим што досега го презентираа, посебно во тимот за странски инвестиции, според мене нема никаков капацитет.