Делев: Дојран ќе го ставиме на светската туристичка мапа

И во Дојран имаме претставување на нашата изборна програма пред стопанствениците и пред хотелиерите каде што ќе им ги презентираме поволностите, односно новите проекти што ги имаме во оваа програма како што е изградбата на новата туристичка зона овде во овој крај како и новите бенефиции што ќе ги имаат инвеститорите во таа зона, но и еден нов интересен проект кој за првпат ќе го имплементираме сега, тоа е жртва на транзицијата каде што имаме неколку капацитети овде во Дојран, хотели кои досега не беа расчистени имотно правните работи, стечајот не беше завршен, изјави Христијан Делев од ВМРО-ДПМНЕ.Тој посочи дека сега со оваа програма, односно преку жртви на транзицијата ќе им се овозможи на некои заинтересирани инвеститори тие објекти да им се понудат.
-Но покрај тоа ќе им ги понудиме и сите тие бенефиции што планираме да ги понудиме односно да им ги овозможиме на тие инвеститори, како би ги рестартирале тие капацитети со цел нели да се зголеми таа туристичка понуда за овој крај, рече Делев.
Најави дека ќе се разговара со градоначалникот околу можноста за една нова форма на туризам, за која што се повеќе има интерес каде што министерството за економија ќе биде вклучено.
-Тоа е да се промовираат старите археолошки капацитети односно изградените бункери во време на првата светска војна, знаеме дека Дојран бил на таа фронтова линија. За посета на тие такви локации имаме се поголем интерес од туристички агенции од Германија, од Англија, кои би сакале овие места да ги стават на нивна туристичка мапа. Јас сум среќен што Дојран станува се повеќе и повеќе забележан од страна на странските туроператори и се надевам со зголемување на туристичката понуда, со дополнителни инвестиции во овие капацитети, со изградбата на оваа туристичка зона, Дојран ќе си добие нели еден нов статус на да кажеме нова дестинација односно дестинација која ќе биде посетувана покрај домашните и од странските туристи, заклучи Христијан Делев, висок партиски функционер од ВМРО ДПМНЕ.Тој посочи дека сега со оваа програма, односно преку жртви на транзицијата ќе им се овозможи на некои заинтересирани инвеститори тие објекти да им

Пронајдете не на следниве мрежи: