Делев: Македонија е заложник на опозицијата

Македонија влегува во земјите што се ниско-средно задолжени и може тоа многу лесно да се провери, тоа го кажуваат сите тие индикатори. Далеку од тоа дека Македонија е презадолжена држава и тоа го кажуваат сите факти. Сите релевантни индикатори кажуваат дека Македонија во последните 10 години го доживеа најголемиот економски раст во историја, и тоа е факт.Ова го истакна заменик министерот за економија, Христијан Делев во гостувањето во емисијата „Клик плус“ на ТВ 21.
-Факт е дека економијата во Македонија во последните 10 години го имаше највисокиот раст во историјата, додавајќи дека бројките со кои се манипулира најпрво треба да се проверат и оти тој може да се види на веб страницата на Министерството за финасии.
– Не е вистина дека има некој скриен долг, дополнителен долг, што кога некој друг ќе ја преземе власта или кога некој друг ќе почне да работи ќе го наследи тоа. Тоа не е така, ќе наследи полн буџет, посочи Делев.
Хендикеп е, вели тој, што поради политичката криза се користат многу малку средства од буџетот се користат бидејќи, како што рече, доколку не се трошат целата економија стои.
-Не е точно дека Македонија е заложник на една политичка партија, Македонија е заложник на опозицијата и целиот процес во последните две и пол години. Сите податоци укажуваат дека економијата на Македонија е жилава. Ако минатата година сме имале рекорден број на инвестиции, тоа кажува дека нешто позитивно се случува во оваа држава и имаме добра политика што ја нудиме и за странските и за домашните инвеститори за да имаме таков раст на тие странски инвестиции, потенцира Делев.
Министерот посочи и дека е рекорден бројот на креирани нови работни места.
– Ако сме наследиле над 37 отсто невработеност во државата во 2006. година, таа бројка сега е под 23 проценти, што исто така е за поздравување.  Индикаторот за креирани нови работни места покажува дека изминатиот период се креирани над 150 – 160.000 нови работни места, истакна Делев.
Ова го истакна заменик министерот за економија, Христијан Делев во гостувањето во емисијата „Клик плус“ на ТВ 21.
-Факт е дека

Пронајдете не на следниве мрежи: