Делев: Начинот со кој СДСМ сака да ја зголеми платата на 30 илјади денари ќе доведе до контра ефект

Просечна плата од 30 илјади денари е многу реално но доколку новата влада се придржува на пакетот на економски мерки што ги има понудено ВМРО-ДПМНЕ во својата изборна програма. Но на начинот на кои што тие сакаат тоа да го наметнат како еден вид обврзувачка и со вештачко подигнување на платата тоа не е возможно и ќе вроди со контра ефект, вели Христијан Делев, поранешениот заменик министер за економија во вестите на телевизија Алфа.-Многу е реално да има плата од 30 илјади денари но тој тренд треба да се одвива природно, во економијата тоа е позанто и значи дека треба да се креира повеќе повеќе и да се донесат повеќе странски инвестиции, да се промовира Македонија како бизнис дестинација, да се отвораат работни места и само така може да има ефект, но доколку со закон се воведе оваа плата ќе се направи само контра ефект и наместо креирање на нови работни места за жал би имало отпуштање. Економијата е една комплексна наука и не може да не се работи површно да се работат работите во економијата, потенцираше Делев.
Тој во врска со новите мерки на СДСМ за намалување на евтината тарифа на струјата вели дека евтина електрична енергија во текот на денот има и сега и тоа само за сега е во вечерните часови.
-Начин на кој што сака тоа владата сега да го направи е многу лош што на крајот ќе предизвика зголемување на цената на енергијата. Во часовите кога тие тоа планираат да го направат се часовите кога во Македонија најмногу и требаат  електрична енергија и во тие моменти таа пикова енергија е најскапа и на меѓународниот пазар впрочем истата тогаш во Република Македонија се увезува и ако тие часови се субвенционираат, крајната цена ќе ја платат крајните корисници, рече Делев.
Делев вели и дека во економијата нема ништо бесплатно, радиодифузната такса вели дека е донесена согласно сите европски регулативи и директиви што беа усвоени.
-Укинувањето на радиодифузната такса и нејзино директно финансирање од владата би значело дополнително влијание врз политичкото уредување на јавниот сервис. Карактерот за јавен сервис ќе се избрише, а тие 15, 20 милиони евра што треба да и се доделат ќе треба да се надополнат од некаде, а тоа значи зголемување на даноците во Македонија за да може да се плати тоа. Ова една мерка која не е паметно да се воведе, бидејќи на крајот од денот повторно ние ќе го платиме тоа, изјави Делев.
-Многу е реално да има плата од 30 илјади денари но тој тренд треба да се одвива природно, во економијата тоа е позанто и значи дека треба да се кр

Пронајдете не на следниве мрежи: