Опозицијата преку своите технички министри продолжува да ја манипулира јавноста. Во недостаток на идеи и програма за земјоделците, измислува и конструира случаи за наводни злоупотреби при управувањето и распределбата на земјоделското земјиште, истакна заменик министерот за економија Христијан Делев.-Само да потсетам, пред 2006 година целокупното земјоделско земјиште, односно 90 проценти од целото земјоделско земјиште во Македонија, беше доделено на 80 компании кои беа поданици на тогашната власт, истакна тој.
Делев комплетно ја демантираше изјавата на заменик-министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски бидејќи, како што рече, тој ја злоупотребува својата функција и искажува невистини.
-Прво, тој требало да го види основниот договор кој е потпишан од нивниот министер Славко Петров во 2004 година, каде што наведената компанија ја ослободува од закуп цели 4 години. Во тогашно време, ние сме биле обврзани да склучиме договор, истиот договор, односно анекс на договор е склучен пред време, каде што, не само што не го ослободуваме, дополнително и го обврзуваме повеќе да плаќа и одма да почне со наплата, односно да се врши наплата на ова земјоделско земјиште. Сите изјави дадени денес се невистинити и сакам да ви ги презентирам овие факти и овие документи и основниот договор кој е потпишан за времето на СДСМ од тогашниот министер Славко Петров, каде што наведува површини кои се помалку, односно самиот корисник користел поголема површина. Со анексот, тогаш ние тоа го откриваме и го задолжуваме корисникот во новиот анекс да плаќа и за тоа земјиште кое тогаш не било евидентирано со пописниот катастар, бидејќи во тоа време СДСМ немале никаква евиденција за земјиштето во Македонија, подвлече Делев.
На Николовски му порача дека неговиот, како што ја нарече Ленче Николовска, ментор, не ја знае ситуацијата со земјоделците во РМ, вешто го манипулира и го води во погрешен правец.
-Земјоделците во Македонија знаат кој им има склучено 9 илјади договори. Од 80 договори сега се дојдени до 9 илјади договори. Земјоделците во Македонија многу убаво знаат кој им делеше земјиште и кој им дава субвенции, додаде заменик министерот за економија.-Само да потсетам, пред 2006 година целокупното земјоделско земјиште, односно 90 проценти од целото земјоделско земјиште во Македонија, беше доделе