Првата реформа што они ја планираат во делот на јавните набавки е да се даде предимство на домашните комании, пред странските компании. Тоа е спротивно на сите договори што ги има потпишано Македонија, договорот за стабилизација и асоцијација, договорот за Цефта, за Ефта, договорот со светска трговска организација, кажа во гостувањето во вестите на Алфа, Христијан Делев од ВМРО-ДПМНЕ, инаку поранешен заменик министер за економија.-Јас го гледав тоа што они го нарекуваат програма, тоа е еден многу оскуден документ што го понудија. Во него има опфатено еден дел каде што викаат дека ќе има едни измени во делот на јавни набавки, ако тоа они го спроведат како целина или како проект, тогаш се косат со сите европски директиви, што се во делот на конкуренција и во делот за заштита од корупција. Имено, првата реформа што они ја планираат во делот на јавните набавки е да се даде предимство на домашните комании, пред странските компании. Тоа е спротивно на сите договори што ги има потпишано Македонија, договорот за стабилизација и асоцијација, договорот за Цефта, за Ефта, договорот со светска трговска организација, таму сме обврзани дека не смееме да даваме никакви предимства или привилегии на домашните компании, изјави Делев.
Тој смета дека крајно неефективна промена е да може тендер да се дели на повеќе компаниии, тоа значително ќе ја зголеми цената на крај, според неговите зборови.
-Планираат делење на тендерите, што значи дека ако еден тендер за изградба на еден пат треба да се додели на една компанија, они ќе го поделат на пет компании, тоа значително ќе ја зголеми цената на услугата, односно значително ќе ја зголеми цената на крајот, кога тоа цело ќе се подели. Друга реформа што таму ја планираат е да може компании без референца, односно без никаков капитал, со капитал од едно евро да учествуваат на такви тендери и да бидат на некој начин привилегирани, изјави Делев.
Делев кажа дека е супер најавата за едно евро основачки капитал на фирма, напомена дека тоа и сега го има, но само во првата година. Се прашува кој потоа ќе ја сноси одговорноста, бидејќи се знае дека компаниите ја сносат одговорноста во големината на нивниот капитал.
-Дополнително тоа што го планираат во делот на јавните набавки дека цената нема да биде најпресудниот фактор за учество на тендерот, мене ми дава сомнеж дека овде се спремаат во иднина големи договори во четири очи,каде што компании формирани со едно евро треба да добиваат такви тендери за градба или нешто слично, изјави Делев.-Јас го гледав тоа што они го нарекуваат програма, тоа е еден многу оскуден документ што го понудија. Во него има опфатено еден дел каде што викаат