Новата влада на Зоран Заев наместо да биде реформска, таа е анти-реформска, велат од ВМРО-ДПМНЕ.Зоран Заев ветуваше фокус на економијата, а во реалноста бега од одговорноста. Од тројца министри без ресор, задолжени за привлекување странски инвестиции, ниту еден, повторувам ниту еден не е од СДС, ниту пак има некакво меѓународно искуство.
СДС не може да избега од одговорноста за реализација на ветувањата што ги даде за изборите. Привлекувањето на странски инвестиции се исклучително важен сегмент во развојот на економијата кој не смее да биде занемарен.
СДС се откажа од овие суштински и одговорни позиции, но тоа што уште повеќе загрижува е кадровскиот потенцијал на тимот што ќе работи на привлекување на странските инвестиции.
Почитувани,
Секој потенцијален инвеститор, пред да одговори позитивно на поканата за состанок, првин ќе се обиде да ја провери биографијата на промоторот или лицето со кое треба да се сретне.
Тука ќе биде веројатно првиот шок кога ќе се впише името на министерот без ресор Рамиз Мерко или Аднан Ќахил.
Имено министерот за странски инвестиции Рамиз Мерко е еден од министрите за кои има богато CV, но не на професионален план, туку за прекршување на законот. Медиумите пишуваа дека неговите проблеми со законот започнале уште во 1998-та година кога е обвинет за фалсификување патна исправа, додека пак во периодот од 2006-та до 2015-та година има заработено дури 10 кривични пријави, и тоа сите за злоупотреба на службена положба и овластување.
Ваквата биографија е потценување на компаниите и нивните бордови, кој да ги убедува да инвестираат во Република Македонија. Доколку тие пребараат податоци за него на ГУГЛ меѓу првите наслови излегуваат вестите во кои новиот министер за странски инвестиции е обвинет за злоупотреба на 70.000 евра општински пари, и тоа обвинение од страна на неговиот коалиционен партнер Зијадин Села.
Владата на Зоран Заев наместо да изобилува со подготвени и квалитетни кадри, таа изобилува со министри полни со кривични пријави без никакво респектабилно искуство.
Почитувани граѓани,
Дали некој сериозен странски инвеститор од типот на Џонсон Контролс, Џонсон Мети, Дрекслер Маер или Кромберт и Шуберт ќе му верува на министерот Рамиз Мерко со вакво CV во кое доминираат прекршувања на законот и проневера на народни пари?
За разлика од СДС, владата на ВМРО-ДПМНЕ за привлекување на странски инвеститори постави искусни менаџери кои уживаат висок кредибилитет меѓу бизнис светот надвор од Македонија. Луѓе кои знаат како функционираат меѓународните пазари на капитал.
Длабоко ќе се разочараме ако ги споредиме кадрите на ВМРО-ДПМНЕ, Веле Самак, Виктор Мизо, Бил Павлески, Џери Наумоф и нивните биографии и кредибилитетот и углед кој што го уживаат во светски познатите компании и бордови, со кадрите на СДС како Рамиз Мерко кои на своето конто имаат 10-тина кривични пријави. Економскиот тим за привлекување на странски инвестиции на ВМРО-ДПМНЕ предводен од овие луѓе изминативе години донесе 10-тина мега компании кои отворија над 30.000 директни работни места и им дадоа простор на домашните компании за развој и отворање на индиректни работни места.
Почитувани,
Граѓаните не ги интересираат коалициските математики на Заев. Граѓаните не ги интересира колку места и кои места Заев морал да отстапи за да ги задоволи апетитите на коалициските партнери.
Граѓаните сакаат да видат резултати. Во делот на економскиот напредок на нашата држава, владата на Заев им вети на граѓаните отворање на 64.000 нови работни места во приватниот сектор, просечна плата од 30.000 денари и минимална плата од 16.000 денари, а докторите ја очекуваат ветената плата од 100.000 денари. Граѓаните ги очекуваат инвестициите во нови 500 километри автопат и ветената повисока стапка на раст на економијата од најмалку 5% годишно.Зоран Заев ветуваше фокус на економијата, а во реалноста бега од одговорноста. Од тројца министри без ресор, задолжени за привлекување странски инв